Фазли Велиу (албански: Fazli Veliu) е роден на година во село . Завршил албански јазик и литература во Приштина.

Се преселил во Швајцарија во 1968 година.„Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 82 Се поврзал со Кадри Зека и браќата Јусув Гарвала и Бардош Гарвала за подготвување на соединување на четири албански противјугословенски групи од кои ќе се роди (ДАСРЈ) Движење за Албанска Социјалистичка Република на Југославија. Во 1985 година, тоа движење станало познато како Народно движење за Република Косово.

Фатен во Германија од Интерпол по барање за тероризам од Македонија (еден од организаторите на групата бомбаши), но со помош на министерот за правда Џевдет Насуфи тој не бил екстрадиран. Тој бил еден од творците на ОНА, како и политички претставник на истата.

На 24 јули 2001 година, тој бил ставен на македонскиот црн список на граѓани., а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш

По крајот на Судирот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично.

Фазли Велиу е познат е по прекарот „Даја“. Фазли Велиу е вујко на Али Ахмети.

Наводи

Категорија:Луѓе од Колари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Живи луѓе Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011