Долни Крст — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува средновековна црква и некропола. Со изведување на земјени работи во непосредната близина на источниот раб на селото делумно се уништени некропола и помала црква, на што упатуваат камените плочи, фрагментите од крстови од бигор, како и самиот топоним.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горни Крст — средновековна црква и некропола; Горни Ропаич — средновековна црква и некропола; Жубовски Пат — средновековна некропола; Зилбов Гроб — средновековна некропола; Кале — населба од железно и римско време; Св. Богородица — средновековна црква и некропола; Спас — средновековна црква и некропола; Сред Село — средновековна црква и некропола; Стражник — некропола од бронзено време; Чатал — населба од доцната антика; Чифлик — некропола од доцната антика. Наводи

Категорија:Дебреше