Даут Реџепи - Лека (албански: Daut Rexhepi; Порој, ) — македонски политичар и поранешен член на ОНА. Реџепи завршил Факултет по историја..

Завршил воена обука во кампови во Албанија. На 21 јануари 2001 година учествувал во напад на полициска станица во Теарце, со браќата Раим и Изаир Самии од селото Шемшево, Мухарем Велиу и Семи Хебиби од Тетово. Во текот на Воениот судир во Македонија, тој бил командант на ОНА во 112 регионална бригада во Тетовско. Во едно интервју од 25 октомври 2001 година, на новинарско прашање дали е одговорен за киднапирање, убивање и масакрирање на цивили, тој одговорил:„ Извинете, но мене ми е забрането да зборувам,... Не смеам да зборувам. Треба да разберете дека има некој што и нам ни забранува да зборуваме. Но, не очекувајте да ви кажам кој е тој“.

На 24 јули 2001 година, тој бил ставен на македонскиот црн список на граѓани.

Од страна на ДПА на 10 јули 2002 година, тој бил промовиран за потпреседател на партијата, каде станал пратеник. Потоа, тој е независен пратеник во македонското Собрание.

Наводи

Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Луѓе од Порој Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011