Фадил Руфати (албански: Fadil Rufati; Лисец) ― член на ОНА.
Во младите години, се запишал на Универзитетот во Приштина, насока хемија. Но истиот не го завршил, туку заминал на печалба во Швајцарија. Кога започнала Косовската војна, тој се вратил и се приклучил кон единиците на ОВК.
По започнувањето на Воениот судир во Македонија, тој се вклучил во редовите на ОНА. Тој уште на почетокот бил ангажиран да го сочува Тетовското кале. По преземото дејствие од страна на македонските вооружени служби, тој бил погоден кај месноста Црвен Камен помеѓу атарите на Ѓермо, Лавце и Селце, по кое им подлегнал на повредите.
По неговата смрт, неговото тело било повлечено, за да на 12 април биде истото погребано на гробиштата во Тетово.
Наводи
Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Луѓе од Лисец Категорија:Починати во Ѓермо Категорија:Починати во Лавце Категорија:Починати во Селце (Тетовско)