мини|десно|220п|Насловната страна на делото „Златоустова литургија“ од Атанас Бадев, 1898 г. Атанас Бадев (, 14 јануари 1860 - , 21 септември 1908) — македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Основно образование завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во I машка гимназија во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование.
Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун. По бунтот на учениците од Солунската гимназија (1896) е преместен во Русе, потоа во Самоков и во Ќустендил.
Работа на македонската музикологија Посебно е значајна работата на Бадев врз проучувањето на македонскиот музички фолклор. Од неговата студија „Нотна тетратка“ може да се заклучи дека Бадев е еден од првите теоретичари којшто има укажано на постоењето на сложени, асиметрични метрички групации во македонската народна музика:
(4+3); (2+3+4); (3+2+2+2+2)
На првиот музички конгрес во Софија, во 1904 Бадев поднесува и реферат за метричко-ритмичките одлики на македонскиот фолклор („За фолклорот и неговите особености во Македонија“). Тоа е прв приказ од овој вид за македонската музика. Трудот не е печатен, како и неговата збирка хармонизирани народни песни, чиј ракописи до ден денес не се пронајдени.
Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Зачувани се само свеската „Упражнения по черковното пение“ и „Златоустова литургия“, печатена во 1898, од која посебно се изделуваат ставовите: „Иже херувими“, „Јако да царја“, „Хвалите Господа с небес“ и „Христос воскресе“. Тоа дело, пишувано под влијанието на руската духовна музика, сведочи за еден талентиран творец, полн со фантазија и за она време голем мајстор на хорскиот слог како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.
Наводи
Литература
"Химн на св.св. Кирил и Методий; Детска Песен", публикувани во сп. "Художник", книга 19 и 20, Софиja, 1906 Л.Витанова-Сталева, Атанас Бадев, Известия на Института за музика при БАН, кн. II-III, София, 1956; Д.Ортаков, „Атанас Бадев и неговата Златоустова литургија“, Огледи за византиско-словенската музика во Македонија, Скопје, 2001.
Надворешни врски Златоустовата литургија на Бадев во изведба на РТВ Скопје — YouTube
Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски музиколози Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски научници во Бугарија Категорија:Македонски музички педагози Категорија:Родени во 1860 година Категорија:Починати во 1908 година