Гордана Деан Поп-Христова (, Србија, ) — македонска кореографка и професорка по современ танц.
Животопис Поп-Христова е родена на 28 септември 1960 година во Нови Сад, Србија. Таа завршила класично балетско образование, меѓутоа почнала да се интересира за модерната балетска уметност. Едно време, таа водела студио во Нови Сад, каде и била мажена и имала една ќерка. Подоцна го запознала македонскиот глумец и композитор Кирил Поп Христов за кого се омажила и се преселила во Македонија. По преселувањето во Скопје, таа ја основала балетската група Ребис.
Наводи
Надворешни врски Биографија на страната на Ребис МАГАЗИН: Гордана Деан Поп Христова -Интервју во Утрински Весник (22 јуни 2007)
Категорија:Луѓе од Нови Сад Категорија:Македонски Срби Категорија:Српски кореографи Категорија:Македонски кореографи Категорија:Српски балерини Категорија:Македонски балерини