Расцепот на Македонската револуционерна организација настанал по Илинденското востание. На преден план избиле две главни прашања околу кој се кршеле копјата, внатрешното уредување на организацијата, прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација. Со текот на времото, јасно се оформиле две крила во самат Организација Конзервативна струја и Реформска струја Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. Во постарата литература првата групација се нарекува левица, а втората како десница. Во поновата литература двете струи се нарекуваат реформско-демократска и конзервативно-централистичкаДимо Хаџи Димов, Одбрани дела, уредник Манол Пандевски, Скопје, 1984. Односите меѓу двете крила постепено се заостриле до степен на употрена на насилни мерки за наметнување на своите принципи и ставови, отука во 1908 година дошло до дефинитивно распаѓање на Организацијата, а тоа влијаело негативно врз целото македонско национално движење во еден подолг период.

Две концепции По востанието во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата.

Овие советувања се одржале во периодот од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, главно прашање кое било разгледувано е каков да биде правецот на делување по неуспешното востание. мини|лево|130п|Димо Хаџи Димовмини|десно|100п|Христо Матов На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе прозлезат две струии, едната концепција била претставена од Христо Матов кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата.

На овие советувања превладала концепцијата за децентрализација и демократизација предводена од СерчаниДимитар Димески, Македонската револуционерна организација по Илинден (во пресрет на окружните конгреси), Годишен заборник на Филозофски факултет, книга, 19 (45), Скопје, 1992. Отука произлегла Директивата за идната дејност на Организацијата изработена од Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов со што биле поставени основите на Реформска струја.

Како одговор на Директивата, Христо Матов ја создал брошурата Основите на Организацијата од Брут (бг. основитѣ на Организацията отъ Брутъ) во мај 1904 година. Во брошурата биле претставени пет принципи околу кој ќе се групира Конзервативна струја.

Главните прашања околу кој се судриле дејците на Организацијата, се прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, односно автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација.

Почеток на разногласието Во текот на 1904 и 1905 година се одржале неколку окружни конгреси: Струмичкиот конгрес, Прилепскиот конгрес, Скопскиот конгрес, двата солунски конгреса од јуни и од август 1905 година, Струмичкиот конгрес од 1905 и Серскиот конгрес. На овие конгреси веќе јасно се покажале различните концепции за идната дејност.

Струмичкиот конгрес од 1904 година минал под влијание на софиските советувања и Директивата на Димо Хаџи Димов, тоа влијаело и врз другите окрузи вклучително и на Битолскиот револуционерен округ да заземе став за децентрализација на Организацијата. лево|мини|110п|Пере Тошевдесно|мини|100п|Даме Груев На Прилепскиот конгрес дошло до спротивставување на двете концепции за поредокот на Организацијата. Имено, Дамјан Груев се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на поддршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на Организацијата и тој бил поддржан од сите повидни револуционери Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.. Пере Тошев изработил предлог-статут наречен Образец I со кој се отфрлала мистериозната централизација. Ѓорче Петров за првиот предлог истакува дека:

Дамјан Груев откако увидел дека неговиот став за централизација нема да пројде предложил нов проект-правилник познат како Образец II кој бил копија на првиот меѓутоа во поумерена форма . Двата проекти од страна на Ѓорче Петров му биле испратени во Софија на Борис Сарафов кој требало да ги испечати . Овој конгрес меѓу другото покажал дека времето на авторитетните дејци во Организација поминало. Сето тоа придонело да се продлабочи кризата во самата Организација и меѓусебните судири.

Првиот скопски конгрес го разгледал прашањето за идното уредување на Организацијата. Разгледувањето на оваа прашање започнало со проектот-правилник на Пере Тошев наречен Образец I од Прилепскиот конгрес. Проектот-правилник на Пере Тошев бил прифатен меѓутоа претрпел измени од страна на самиот Конгрес особено во поглед Централниот комитет и Задграничното претставништво.

Таквиот преработен проект-правилник, Конгресот решил да стапи во сила веднаш во Скопскиот револуционерен округ за да се зачува единството во работата на Округот Протоколъ на I-вия редовенъ революционенъ конгресъ въ Скопския окръгъ, откритъ на 2 яануарий, 1905 година, Ил. Илинденъ, г.5/4 (44), София, 1933, (сообщава - Боянъ МирчевъДокументи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, меѓутоа правилникот бил ревидиран и ставен во сила без да биде потврден од еден општ конгрес на Организацијата и тоа претставува израз на сепаратизам од страна на Скопскиот револуционерен округ.

Меѓутоа конфузијата се зголемила откако Конгресот ги прифатил и принципите на Христо Матов (Брут) - Основите на Внатрешната револуционерна организација и Директивата за идна дејност од софиските советувања за притоа дополнувајќи дека Организацијата ќе ги гони сите Срби кој нема да се придружуваат кон нејзините статути . Самиот Скопски округ со овој Конгрес манифестирал сепаратизам, видлив преку преседантот при избор на Иван Гарванов за задграничен претставник на Округот.

Конгресот прифатил решенија кој меѓусебе си противречеле и затоа самиот Христо Матов, чии решенија биле прифатени и преовладувале на овој Конгрес, обвинил за кршење на единството во Организацијата Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. . десно|мини|100п|Борис Сарафов На Солунскиот конгрес од јуни 1905 година биле разгледани постапките на Борис Сарафов и се побарало негово судење, а исто така била осудено изедначувањето на активноста меѓу Организацијата и Бугарската егзархија. Била потенцирана самостојноста на Организацијата и македонското дело Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година , а се потенцирала автономијата како основа за делување и биле осудени сите преговори за поделба на Македонија на сфери на влијани како идни граници за поделба на земјата.

Солунскиот конгрес од август 1905 година побарал придружувањето кон веќе постојните статути и било побарано да се изработи еден општ внатрешен правилник за уредување на Организајата, сите управни институции требало да си ја задржат автономноста, а окрузите да бидат независни, да се ограничи влијанието на Бугарската егзархија и егзархиските установи да бидат заменети со народни.

Конгресот нагласил дека Борис Сарафов поради својата дејност како и другите кои според Конгресот се огрешиле кон делото да се казнат. Конгресот разгледаал голем број на прашања кој го засегале македонското ослободително движење, бил направен обид за поставување на основа врз која би дошло до зацвртување на Македонска револуционерна организација но анагонизмот меѓу внатрешните дејци само се зголемил со тенденцијата за казнување на сите кои згрешиле на каков било начин кон делото, а во овој случај станувало збор за неистомисленици.

Обид за помирување

Во октомври 1905 година во Рилскиот манастир се одржал Рилскиот конгрес. Христо Силјанов според составот на делегатите, констатирал дека меѓу нив се нашле страсни функционери кои сакале да го наметнат своето влијание, а покрај нив биле старите дејци кои одавале сила на пишаните правилници, првенци кои преку Конгресот сакале да го вратат изгубеното место во Организацијата и дејци кој сакале да се оттргнат од револуционерниот суд. мини|лево|310п|Рилски манастир Меѓу нив секако имало и нови дејци кои се препуштале кон една или друга струја. Сето тоа придонело да има кулоарски интриги, преку кои бил обезбеден глас кои бил потребен да се донесе одлука. Ментор на целиот Конгрес бил Ѓорче Петров кој морал да прави комбинации при изборот на управните тела меѓу дејците, кои биле меѓусебно критички настроени. Конгресот го имал следниот дневен ред:

1. Извештај за минатата дејност и сегашната положба во Организацијата по окрузи и околии 2. Идната дејност на Организацијата 3. Устројство и управа на Организацијата; а) административен оддел б) судски одел в) финансиски одел г) културно - економски одел 4. Литература и печат 5. Односот и поведението на Организацијата спрема разните теченија; a) спрема сите пропаганди б) спрема бугарскиот државнички национализам и Егзархија в) спрема врховистите, емиграцијата и јавноста во Бугарија г) спрема одделни организациски групи внатре и надвор 6. Тактика на Организацијата 7. Отчет за дејноста на ЦК и Задграничното претставништво

По третата точка, Конгресот расправал дваесет дена бидејќи станувало збор за идното уредување на организацијата. Појдовна точка биле правилниците-проекти од окружните конгреси. По ова прашање најактивен бил Пере Тошев кој сметал дека доследната примена на Правилникот би ги отстранила сите недоразбирања и би се зацврстила организацијата.

Според Христо Силјанов по ова прашање дошле во судир две струи кои имале различна концепција по ова прашање. Двете струи Силјанов ги нарекува: радикално - реформска и умерено - конзервативна Во постарата литература првата групација се нарекува левица, а втората како десница. Во поновата литература двете струи се нарекуваат реформско-демократска и конзервативно-централистичка..

На овој Конгрес најистакнати претставници на првата групација биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, тие ја имале наклонетоста на најголемиот број на делегати. Оваа крило се залагало за децентрализација и демократизација на Организацијата, широка примена на изборното начело. На страната на оваа група застанал и Борис Сарафов сакајќи на тој начин да добие амнестија од обвиненијата.

На чело на другата групација застанал Даме Груев кој се залагал за зачувување на централистичкиот хиерархиски поредок. Меѓутоа тој ја немал поддршката на најголемиот број на делегати и затоа бил подготвен на компромис, а зад него застанале Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов и Добри Даскалов .

По дваесет дневна расправа меѓу двете групи Конгресот ги прифатил новиот Устав и Правилник на Организацијата. Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти биле компромисно решение меѓу двете групации:

и дека отстапките за компромисот биле направени од умерено - конзервативното крило. Иако Христо Силјанов истакнува дека бил постигнат компромис, во постарата литература преовладува ставот дека влијанието на левицата преовладало на овој конгрес. мини|лево|120п|Јане Санданскимини|десно|120п|Ѓорче Петров