Земјотресот во Крајстчерч во 2011 г. e земјотрес со магнитуда од 6,3 што го погодил регионот Кантербери на Јужниот Остров на Нов Зеланд на во по месно време ( во 23:51 ч. по UTC).M6,3 – Јужен Остров на Нов Зеланд, USGS со епицентар наделеку од населбата Хиткот Вели, 5 км северно од местото Литлтон. Најпогоден бил градот Крајстчерч, каде земјотресот предизвикал големи разорувања на многу места и значаен број на смртни случаи. Според амбасадорот во Канбера, во земјотресот нема загинати Македонци .
Ова е најголемиот последователен потрес како последица на земјотресот од 4 септември 2010 г, но извесни аспекти се смета за засебен земјотрес. Аико е помал во магнитуда, овој земјотрес бил многу покатастрофален заради близината на епицентарот до Крајстчерч - епицентарот септемврискиот бил на длабочина од 11 км под површината, но овој бил само на 5 км. Февруарскиот земјотрес се случил вторник околу пладне, додека претходниот урдил во саботното предвечерие. Покрај ова, поради претходниот земјотрес, голем број објекти биле веќе структурно ослабнати. Јачината на земјотресот во Крајстчерч изнесувала MM VIII.
На денот на земјотресот премиерот Џон Ки изјавил дека бројот на загинатите изнесува 65, изјавувајќи дека 22 февруари „веројатно ќе биде најмрачниот ден за Нов Зеланд“. Изутрината управникот на цивилната заштита потврдил 38 човечки жртви (што значи дека телата се препознаени и најблиските се известени).Земјотрес во Крајстчерч: Најнови информации , New Zealand Herald, 23 февруари 2011 Од непотврдени извори, се проценува дека во земјотресот загинале од 200 до 400 лица. Градоначалникот Боб Паркер изјавил дека барем 200 лица се заробени во урнатините и дека исходот ќе биде доста лош. Изутрината на 23 февруари премиерот прогласил сеопшта вонредна состојба.
Се проценува дека штетата ќе ги чини осигурителните заводи 12 милијарди американски долари (16 милијарди новозеландски долари).
Жртви, штета и други последици мини|200п|лево|Последица од ликвефакција на земјиштето. Потврдени се 75 човечки жрви и се смета дека оваа бројка ќе расте.. Според противпожарната служба, сè уште има многу заглавени лица во рушевините. Во 17:00 по месно време е изјавено дека 80% од градот нема струја. Исто така се оштетени и воводовот и канализацијата, приморувајќи ги луѓето да штедат вода или да собираат дождовница. ВОнредната состојба траела неколку дена, а во зафатите учествувале и медицински лица од војската.
Оштетувањата на патиштата и мостоците ги отежнале потфатите за спасување на населението. Порај ова, земјата претрпела ликвефакција и површински поплави. Ликвефакцијата го надигнала асфалтот по патиштата, а од пукнатините извирала вода и песок. ДОста автомобили се суриле со одрони од карпите и пропаднале во дупки. Во централното подрачје два автобуса биле смачкани од паднатите делови од зградите.
Оштетени објекти мини|десно|Срушен трговски објект Околу Катедралниот плоштад во центарот на Крајстчерч се срушиле разни згради. Катедралата Крајстчерч претрпела значајно оштетување и нејзината шилеста кула сосем се срушила. Врвот на катедралата има паѓано и во претходни земјотреси,Eileen McSaveney. Оштетена шилестата кула на катедралата во Крајстчерч , „Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд“ - Министерство за култура и наследство. подновено на 3 декември 2010 но овој пат паднал многу поголем дел од земјотресот на 22 февруари.
Болницата во Крајстчерч била делумно евакуирана,Radio New Zealand - 16:55 EST но набргу отворена за да може да ги лекува повредените. Во евакуацијата на централното градско подрачје учествувала и војската.
Зградата на Кантербериската телевизија (Canterbury Television, CTV) била сосем разурната и полицијата изјавила дека во неа не може да има преживеани.http://www.stuff.co.nz/national/christchurch-earthquake/4692170/Christchurch-quake-toll-75-hundreds-missing Accessed 23 февруари 2011 4:44 PM NZT
Историската зграда на Покраинската комора на Кантербери била силно оштетена.
Зградата на претпријатието Pyne Gould се урнала, со многу заробени лица. Катедрала на Светата Причесна исто така претрпела големи оштетувања. Сериозно се оштетени и уште неколку цркви.
Следниот ден е утврдено дека хотелот Grand Chancellor (највисоката зграда во градот) е на работ да се урне.
мини|лево|Оштетена баптистичка црква
Литлтон Објектите во Литлтон претрпеле голема штета. Околу 60% од објеките на главната улица биле сериозно погодени. Поголема оштета претрпела и часовната топка во временската станица, која претставува локална туристичка атракција. Меѓутоа во гратчето нема човечки жртви.Николас Џонс и Амелија Вејд. Земјотрес во Крајстчерч: Пристанишното гратче имаше среќа , New Zealand Herald, 23 февруари 2011.
Вон областа При потресот се одрониле 30 милиони тони мраз од Тасмановиот Ледник (околу 200 км од епицентарот) и паднале во Тасмановото Езеро, погодувајќи ги туристичките бродови со бранови од 3,5 м во висина.
Поврзано Земјотрес во Крајстчерч 2010 Список на земјотреси во Нов Зеланд
Наводи
Надворешни врски
Снимки од земјотресот Геодетски податоци за змејотресот на Јужниот Остов на Нов Зеланд со јачина од 6,3 степени - Геодетска служба на САД Видеоснимки пред и по змејотресот Слики од земјотресот
Крајстчерч 2011 Категорија:2011 во Нов Зеланд Категорија:Кантербери (регион) Крајстчерч 2011 Категорија:Крајстчерч