Бегова Нива или Ќеле — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Горно Татеши. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 600 м северозападно од селото, на простор со димензии од околу 150 × 100 м, на кој денес се наоѓаат ниви. По површината на нивите се пронајдени фрагменти од тегули, имбрекси, питоси и друг градежен материјал. Според кажувањата на мештаните, при обработувањето на земјата се пронајдени и остатоци од темели на објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Горно Татеши; Горна Ливада — некропола од доцен среден век; Кале — утврдување од римско време; Петкова Нива — населба од доцноантичко време; Црква — населба од доцноантичко време; Штрати — населба од доцноантичко време.

Наводи

Категорија:Горно Татеши