Ограѓе — археолошко наоѓалиште во дебарското село Кривци. Претставува некропола од римско време и црква од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од двете страни на патот за селото Баниште, во приватна нива, каде е откриен гроб граден од монолитни плочи од бигор во вид на саркофаг. Според кажувањето на сопственикот, во гробот имало повеќе прилози: стакло, керамички садови и предмети од бронза, кои не ги извадил. Во непосредната близина на раскрсницата каде што од асфалтниот пат за селото Баниште се издвојува патот за селото Кривци, се забележуваат остатоци од еднокорабна црква ѕидана од камен и тули.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Опре — средновековна црква; Алакати — средновековна некропола;

Наводи

Категорија:Кривци