Хеликоптерот е најголем хеликоптер проектиран во компанијата Agusta. По долгата развојна фаза од доцните педесетти години, хеликоптерот првпат полетал на 19 октомври 1964 година и никогаш не влегол во сериско производство. Хеликоптерот е со многу интересни одлики, вклучувајќи ги трите мотори Rolls-Royce Bristol-Gnome H-1400 со 1,400 КС. Хеликоптерот е неколкупати изменет така што во завршната фаза е направен со капацитет од 35 патника или 5,000 кг товар. Било предвидено да биде употребуван за противподморничка борба. Иако производството на хеликоптерот е откажано, искуствата добиени во развојот на овој хеликоптер многу помогнале во развојот на хеликоптерот EH-101 Merlin.
Основни податоци: Тип: транспортен хеликоптер Класа: тежок Сместување: два пилота и 35 патника или 18 носилки и пет медицински негуватели Земја на потекло: Италија Производител: Agusta (Италија) Статус: прв лет на 19.10.1964 година Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци
Намена: за транспорт на луѓе и на товари Мотори: три турбомлазни мотори Rolls-Royce Bristol-Gnome H-1400 со по 1,400 КС или мотори General Electric T58 Димензии: - Должина на трупот: 18 м
- Височина: 5 м
- Пречник на HP: 20 м Тежини: - Празен: 6,400 кг
- Полн: 12,900 кг Перформанси: - Максимална V: 225 км/ч
- Крстосувачка V: 203 км/ч
- Максимална H: 3,950 м
- Максимален долет: 400 км Опрема: стандарна комуникациска и навигациска
Категорија:Хеликоптери Категорија:Транспортни хеликоптери