Најголемо површинско забрзување (НПЗ или PGA од англ. peak groung acceleration) е мерка за забрзувањето на еден земјотрес на површината на земјата и важен фактор во земјотресното инженерство.
За разлика од Рихтеровата скала, ова не е мерка за севкупната величина на земјотресот, туку за јачината на потресот во извесно географско подрачје. НПЗ се одредува со мерни инструменти наместо од сведоштва како кај Меркалиевата скала, иако обично добро соодветствува на неа.
Најголемото површинско забрзување се изразува во g (забрзувањето поради Земјината тежа) или во м/с2 (1 g=9,81 м/с2).
Најчест вид на површинско забрзување во градежништвото е најголемото хоризонтално забрзување (НХЗ или PHA).
Други карактеристични параметри на потресот е најголемата брзина и најголемото поместување.
НПЗ Магн. Длабочина Земјотрес 2,2 g 6,3 5 км Земјотрес во Крајстчерч (2011) 1,7 g 6,7 19 км Земјотрес во Калифорнија (1994) 1,26 g 7,1 10 км Земјотрес во Крајстчерч (2010) 0,8 g 6,8 16 км Земјотрес во Кобе (1995) 0,5 g 7,0 13 км Земјотрес на Хаити (2010)
Поврзано Рихтерова скала Меркалиева скала Скала на моментна магнитуда Земјина тежа
Наводи
Категорија:Сеизмологија Категорија:Земјотресно инженерство