Влаи или Лаи — археолошко наоѓалиште во дебарското село Брештани. Претставува средновековна населба и некропола. Се наоѓа на околу 2 км северозападно од селото, на десниот брег на Брештанска Река, каде во приватна нива се забележуваат фрагменти од керамички садови, ќерамиди, тули, а според кажувањето на сопственикот на нивата, при орањето наидувал на темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер. На околу 250 м источно има камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Машатлак — средновековна некропола; Долно Поличе — населба од доцноантичко време; Поличе — средновековна црква и некропола; Брештани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Брештани