Сигетсентмиклош (унг. Szigetszentmiklós) — град во округот Пешта во Унгарија, со 32.340 жители. Тој е едно од предградијата на главниот град Будимпешта.

Потекло на името Сигет (Sziget) = остров - Сигетсентмиклош е град на островот Чепел на реката Дунав Сент Миклош (Szent Miklós) = Свети Никола, кој е светец заштитник на градот

Местоположба Градот се наоѓа во северниот дел од Панонската Низина, во централниот дел на Унгарија. Сместен е на островот Чепел, што реката Дунав го оформува веднаш по напуштањето на Будимпешта. Од главниот град Будимпешта е оддалечен околу 20 км, јужно.

Население Етничка припадност на населението: Унгарци: 91,3% Бугари: 0,2% Роми: 0,5% Германци: 0,6% Словаци: 0,6% Украинци: 0,1% Непознато: 8,5%

Историја По зајакнувањето на династијата Арпад, денешниот регион Ракева му припаднал на унгарското кралство.

Сигетсентмиклош во пишан документ првпат се спомнува во 1264 година, а за град е прогласен во јануари 1986 година.

Збратимени градови Хаукипудас (1992), Финска Георгени (1996), Романија Буско-Здруј (2003), Полска Спекија (2003), Италија Штајнхајм (Вестфалија) (2003), Германија Горна Орјаховица (2004), Бугарија Кочани (2004), Македонија

Галерија

Наводи

Категорија:Градови во Унгарија