thumb|300px|right|Солунско-воденскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Солунско-воденскиот дијалект или долновардарски говори претставува дел од југоисточното наречје на македонскиот јазик. Се зборува на една поширока територија на Егејска Македонија, во Солун и неговата околина, Воденско, Мегленско, Кајларско, Берско, Кукушко, Ениџевардарско, Гевгелиско (Бојмија) и Дојранско.

Територија Долновардарските говори ја опфаќаат територијата помеѓу планината Круша на исток и Островското Езеро и планината Снежник на запад, и помеѓу државната македонско-грчката граница до планината Ниџе на север и реката Бистрица со Егејското Море на југ.Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.45

Солунски говор

Фонетски одлики

Основна замена на ь со е во акцентирана положба: ден, венец, лен, и со ă во неколку случаи: дăнеска, тăмница, односно со и во неакцентирана положба: десин, вăглин, куониц...                                        Основна замена ъ со о во акцентирана положба: дош, бочва, вошка и со ă во неколку случаи: сăн, сăс. Развој на ъ2 во ă во кореновиот слог: мăгла, лăжа, лăжúца, односно во ăм // ÿм во наставката *-tmъ: седам, уосам // седÿм, уосÿм... Основен континуант ă од ѫ: зăп, сăдба, предехă, крадăт, сă, и рефлексот у во неколку случаи: куќа, вруќина, ÿружéн... Замена на ѧ во е: жетва, клетва, рет и во ă во ретки примери:  девăт, десăт... Ретки остатоци од назализмот: енѕа, кленѕа... Континуант е од ѣ: дете, ѕвезда, трева, црева... Редукција на неакцентираните самогласки дури и на крајот од зборот: а >ă: играјах, знајах, е > и: поли, јајци, жилезо, камин, о > ÿ: житÿ, ÿтипýвах, ÿрéх, дăбÿви... Рефлекс и од ы: мишка, киселÿ, бик... Рефлекси р, рă и л, лă од р и л: прстен, врни, црква, врăх, прăстÿт, влна, слѕа, слăнци... Двојна вредност од групите *tj, *dj: шт // шч, жд и ќ,ѓ // к, г : гашти, сношти, лешча // лешќа, - сажди, ноќ // нок, фаќам, вруќина, повеќи, ќерќÿ, врејќа, ки, - меѓу, меѓа, саѓи... Вредности шт, шч, шќ наместо *stj, *skj, *zdj, *zgj: јаришча, клешчи, ошќе, дождови... Вметнување на ш и д во групите ср, зд: страм, стретéх, стреда, здраќи, здрнцалÿ... Чување на х : хубаф, хладну, суха, муха, прах, врх, со исклучок на с. Вардаровци, каде што х исчезнува: муа, ореи, одăм... Развој на групата чрь- во цр- : црну, црвен... Двојна замена на групата цвь- со цве- : цвете, цвети и со цăв- : цавти, цафт... Слободен акцент: понáпрет, кумáт, вéкот, зборÿвáјки, зáјиц, дáј, дадéјте, вá ден, чекáјте...

Морфолошки одлики

Множинска наставка - иња кај именките од машки и среден род: вăглиња, уогиња, камиња, ждребúња, прасúња, кучúња... Множинска наставка – ишта // - ишча кај едносложните именки од машки род: дворишта, пăтишча, рăбишта // рăбишча, покрај наставката –ови: градÿви, лебÿви... Губење на родовата диференцијација кај заменките: ва дењ, ва гудúна, ва дете... Употреба на на-конструкцијата за изразување на општата форма: ва човек ма кара на мен, гÿ кара на коњÿт... Употреба само на членот –т, -та, -то: ксртот, мăжÿт, реката, жената, дрвото, детто... Наставка –м во прво лице еднина на презентот: чекам, предам, носăм, сăм... Отсуството на наставката –т во трето лице еднина на презентот: тепа, врни, расте... Наставка –ме во прво лице множина на презентот: земиме, јадеме, јахаме... Наставка –т во трето лице множина на презентот: крадăт, дават, носăт... Наставка –ха во трето лице множина на аористот: нăрачăха, паднахă, сÿнихă, сăдихă... Наставки –ех, -ехме, -еха во прво лице еднина и множина и за трето лице множина на аористот кај глаголите од о-раздел: најдéх, најдехме, најдехă, прÿдадéх, прÿдадехме, прÿдадéхă, предéх, предéхă...Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.48 -50

Воденски говор

Фонетски одлики

Редукција на неакцентираните самогласки: на е во и во сите положби, освен на крајот на зборот: вритéну, зилéн, здравии, камин, но: време, име, носиме, и во ă во ретки случаи: мă, тă, сă, нă, вă, девăт, десăт; на а во ă во сите положби, дури и на крајот од зборот: ăршин, вадă, нивă, цăрицă; и на о во у во сите положби, дури и на крајот од зборот: гувéду, селу, уфчáр, чувéкот... Елизија на самогласките, особено пред членските морфеми: воскут, грăдúнта, нивтă, пил’ту... Редовен континуант е наместо ѧ: зет, педă, рет... Редовна замена на ѫ со ă: дăп, зăп, носиă, одиă... Ретки остатоци од назализмот: гренди, еднăр, жăлăндрук... Континуант о наместо ъ во коренот на зборот: бозлик, бочвă, мох...и во наставката –ъкъ: восук, дубúтук... Развој на ъ2 во ă во коренот на зборот: магла, маска, и во групите свь- и цвь- : усăмнá, цăф, цåфте... Замена на ѣ со е: леп, млеку, нем, рекă, освен во групата цѣ-, каде што има вредност а: цадăм, цал, цăлúнă... Вредности ăр // рă од самогласното р: бåркăм, гåрне-грåнци, зåрну-зрåнца, и ăл од самогласното л: вăлк, гåлштăј, дăлк, мåлчăм... Рефлекс тќ од групата тьј: братќа, сватќа... Антиципација на мекост јн во групата ньј: нусéјне, сидéјне, учéјне... Чување на х на крајот од зборот: Влах, смех, сирумáх, страх, удúх, нусéх, урéх... Почеста замена ќ (јќ), ѓ (јѓ) наместо *tj, *dj: врејќа, свејќа, кујќа, ќерка, ќи, гајќи; вејѓи, мејѓа и др. наспрема вредностите шч, жџ: гуришчúна, ношчиф, сношчи, вижџáрка, чужџиу... Вредности шч, жд (жџ) наместо прасловенските групи *stj, *skj, *zgj: тешча, чужда, дожџе, прежџа... Вметнување т, д во групите ср и зр: страм, сртеда, здрак, здрелу... Развој на групата чрь- во цăр- : цăрвен, цåрну, цåрпăм... Слободен, морфолошки фиксиран акцент: селу-сел’јă-сел’јăтă, чувéк-чувéци, зилéн-зилéнă-зилéну-зилéни, носăм-носиш-носе-нос’ме-нос’те-носăт...

Морфолошки одлики

Ретка употреба на множинската наставка -е кај именките од машки род: зåбе, мише, снопе... Членска морфема -ут: крајут, столут...  Лични заменки ниă, виă за прво и второ лице множина. Лични заменки за трето лице он, онă, они. Кратка дативна заменска форма му за сите три рода во еднина и множина: му ричéл нă жентă, дајте му и нă женте... Изразување на дативот со предлогот на и општата форма: нă мене, нă тебе... Кратки акузативни заменски форми: мă, тă, сă, нă, вă. Кратка акузативна заменска форма ă за женски род. Партикула -зе (ка) кај личните заменки: јаскă // јазикă, меникă, тебикă... Посесивна заменска форма нејн, -ă, -у, -и за трето лице женски род. Систем од две показни заменки: во, ва, виă; то, та, тиă. Презентска наставка -(ă)м за прво лице еднина: сăкам, носăм, плетăм... Отсуство на -т во трето лице еднина на презентот: сакă, носе, плете... Форма сă во трето лице множина од помошниот глагол сум. Наставка -ех за прво лице еднина на аористот кај глаголите од о-раздел: вличéх, дăдéх, јăдéх, митéх, нăјдéх, пичéх, плитéх, ричéх...   Императивна наставка -јте за второ лице множина: викнéјте, митéјне, нусéјте... Испуштање на помошниот глагол сум во трето лице еднина и множина во сложените форми: видéл оти пåтут бил дåлăк и сă вăрнáл; чуле кумшијте шăмáтă и рекле дă видăт сă чине у та кујќа; Ретка употреба на глаголските конструкции од типот: имăм удéну и имăх видéну Многубројни наставки за образување глаголски прилог: -јќи, -ник, -иничким, -шчимицă -шчим: вăрејќи, тăрчăнúк, бигăнúчким, вăртéшчимицă, викáшчим... Удвојување на предлогот со: суз арну, сус тебикă... Отклонување во однос на конгруенцијата: ăднó уфчáр, угуéну дубúтук... Отсуство на честичката ли во простата прашална реченица: ќи дојш? Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.50 -52 

Кукушки говор

Фонетски одлики

Редукцијата на неакцентираните самогласки: дéвир, илéн, мăлéнко, очúла, пéсук Елизија на самогласките, особено кај членуваните форми: глитинúцта, глéтто, чúнинта, брáтăфта, мóјта, нáшто.. Преглас на а во е главно зад палаталите ј, ч, ж, ш: еничéр, если, вудинчéр, кукушéни... Лабијализација на и во у зад фрикативите ч, ж, ш: чуфлúк, шушé, чурéша... Редовна замена на ѧ со е: éдăр, етăрва... Основна замена на ѫ во ă: гăба, дăп, зăп... Континуација на ъ во о: вошка, дош, а во извесни случаи со ă: кăсно, мăкне... Развој на ъ2 во ă: Бăдник, мăска, и на групите свь- и цвь- : к’и, усăмне, цăфте... Регуларна замена ѣ со е, дури и во групата цѣ- : целина, цепуве, цел... Континуанти ăр // рă и ăл на р и л: дăрча, грăп, вăлна, кăлк... Затврднување на мекото n’ од новото јотување: јадине, кучина... Чување на х во сите положби: ходи, хулéра, ош по-хýбуви... Основна замена шт, жд од согласните групи *tj, *dj: лешта, вежда и замена ќ, ѓ: цела ноќ, меѓа... Измена на согласните групи с, ш + ц, ч > хч во Полето: нохче, убрáхче... Вметнување на т, д во групите ср, зр: страм, здрак... Неопределен и неподвижен акцент.

Морфолошки одлики

Множинска наставка - е кај именките од машки род: мăрсóле, рачкуре... Множинска наставка - ове кај едносложните именки од машки род: синуве, снопуве... Множинска наставка - ета кај именките од среден род: колчета, иленчета, крапчета... Членска форма - ут во јужните и западните села: изикут, танчарут, односно - о во северните и источните села: урéо, страхо... Посесивна заменска форма нејн, -а, -о, -и за трето лице женски род. Изразување на дативот со предлогот на и општата форма: му-гу-уставú нă-нéго... На-конструкција за изразување на општата форма: нă-зăкăрáа нă-нáска... Кратка акузативна заменска форма га за женски род: гă-сичéх нă-пулвúна... Форма у (ф) од стариот предлог въ: уф-нијнта кăшта... Удвојување на предлогот со: сус-нас, сус мăлéчка мутикичка... Раширена употреба на перфективниот презент: флезе, грабне адна пăрчá сирне и избéге... Вкрстување на формите од е- и и-група, кон кои се приклучиле и глаголите од а-група, со тоа што во второ лице еднина се изложила и-група, а во трето лице еднина се наложила е-група. Наставка - у(м) за прво лице еднина на презентот: викум, јадум, одум... Отсуство на - т во трето лице еднина на презентот: саке, мисле, купе... Форма са во трето лице множина од помошниот глагол сум. Императивна наставка –јте за второ лице множина: чикајте-ме, ричејте-му нă-ваште мајки... Форми од помошниот глагол сум за трето лице е, са на перфектот: па сă-пили чим сă толко шен. Препозитивна употреба на кратките заменски форми: гă-носе дома, му-удри ајн-пирдах... Повеќе отколонувања во однос на конгруенцијата: добру чувéк бих... Отсуство на партикулата ли во простата прашална реченица: јагнито о-пујате?Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.45 -47

Мегленски говор

Фонетски одлики

Редукција на неакцентираните самогласки е, а, о во е., а., о.: дите.лúна, зăкóлне., ма., та., са., ва., вуло.вăр, вăртéно. Испуштање на самогласките пред членската морфема: гудúнта, зилéнта, челту, кýчту, градуфте... Алофонот л’ на крајот од зборот и пред согласка во јужните села: вол’, ал’ва... Вметнувањсе на т, д во групите ср, зр: страм, здрак... Развој на ъ2 во коренот на зборот во ă: Бăдник, лăска, лăга... Основна замена на ѫ со ă во коренот на зборот: вăже, гăба... Ретки остатоци од назализмот: ăнгýла, ендăр, мăндру... Замена на цѣ- со це- // ца-: цена, цени, цал, цапе, цафка... Континуанти цре- // чере- од групата црѣ- : црепна, цреву, цреша // чирéша... Вредности ол // ол’ : полф, вол’к, односно ăл // ăл’: вăлна, дăл’к, од самогласното л и рефлекси ăр // рă наместо р: вăрба, тăрче, грăс... Отсуство на фонемата њ: бајна, којн... Протетички глас в пред рефлексот на првичното ѫ: вăдúца, вăглин... Развој на групата чрь- во цăр- : цăрн, цăрве, цăрпе... Присуство на гласот х: вăрх, змех, христијанин и неговата замена со в: вăрвут, глува, со ф: буф, пердуфи, со ј: беј, дујне, со к: висáк, кусúк, Различни резултати наместо прасловенските групи *tj, *dj: ќ (јќ), ѓ (јѓ): вруќина врејќа, веѓа, мејѓа, односно шт, жд: пиштéра, прежда... Премин на с во ш пред ч: брешче, клашче.. Слободно и морфолошко фиксиран акцент со тенденција, изразена во периферните села, да се стабилизира на претпоследниот слог: кувăч-кувăче, убаф-убăву, крадиј-крадише-крадијне-крадијте-крадија; брек-бригóви, облак-ублáци, играј-игрáјте...