Хулијака (шпански: Juliaca, кечуански: Hullaqa, ајмарски: Hullaqa) е град во Перу во регионот Пуно. Градот е најголем во регионот и има население до 225,146 жители. Хилијака се наоѓа на 3825 метри надморска височина и е сместен на платото Колао во северозападните предели на езерото Титикака. Главен културен настан во градот е карневалот. Хулијака е познат по прекарот „градот на ветриштата“, бидејќи во градот има доста ветрови.
Наводи
Поврзано Перу Градови во Перу Регион Пуно
Категорија:Градови во Перу