Албатрос e птица што живее во субполарните води на Антарктикот, иако може да се сретне и во умерените, па и во тропските мориња.
Опис Неговото тело е покриено со бели пердуви, а со сивкасти пердуви на главата и вратот. Долгата горна површина на долгите и меки крилја, како и на кусата опашка, е темнокафеава, речиси црна. Преку очите, кон назад, има тенка темна линија. Возрасните птици имаат розово-жолт клун. Долната страна од крилјата исто така е темнa на рабовите.
Младите птици имаат сива боја на главата и вратот, и темен клун. На кратките нозе, помеѓу прстите имаат тенка кожичка што им помага при пливањето.
Телото на албатросот е долго околу еден метар, а распонот на крилјата достигнува два и пол метри. Најголемиот албатрос, албатросот скитник има распон на крилјата од три и пол метри. Тежината му се движи меѓу 8 и 12 кг.Albatross (Wandering) (анг.) Тој е еден од најдобрите летачи на океанот, кој најголемиот дел од животот го поминува летајќи над студените субполарни океани на јужната полутопка. Понекогаш долетува и до европските брегови.
Исхрана Се храни со морски риби и мекотелни животни.
Размножување Се гнезди на пусти острови во големи колонии, каде во неугледни гнезда одгледува само едно младо. На копното доаѓа само кога се гнезди. Целиот живот го поминува со иста женка.
Просечниот животен век на еден албатрос е 80-85 години.Wildlife of Antartica (анг.) Кога еднаш ќе го напуштат гнездото можат во него да не се вратат и по 7 до 10 години.
Албатросот како тема во уметноста и во популарната култура „Албатрос“ — песна на францускиот поет Шарл Бодлер.Шарл Бодлер, Цвеће зла. Београд: Култура, 1970, стр. 13. „Албатрос“ (англиски: Albatross) — песна на британската рок-група ПИЛ (Public Image Ltd.) од 1979 година.YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
Надворешни врски Save the Albatross, кампања за спасување на албатросите Видео снимки за албатросот
Наводи
Категорија:Птици