thumb|right|400px|Дисциплините на македонската граматика.

Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика.

Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски.Ѓорѓија Пулевски на страницата на МАНУ. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици.

Историја left|150px|thumb|Првата македонска граматика од 1880 година.

Македонскиот јазик е јазик на Македонците, службен јазик во Македонија и малцински, службен јазик во Албанија. Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на јужнословенски јазици на словенските јазици.

На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња кои ја населувале територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на денешните Грција, Бугарија и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнале да се заменуваат со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Приморска Македонија, македонскиот јазик денес се зборува најмногу во окрузите Воден и Лерин, а до релативно скоро бил застапен на најголемиот дел од нејзината територија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија (од помалку од 3 % од населението)Попис 2001, а во Србија се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово.Историја на македонскиот јазик, Блаже Конески, стр: 7, Култура, Скопје, 1967

Првата печатена македонска граматика е од 1880 година и била издадена од Ѓорѓија Пулевски под името „Слогница речовска“. За разлика од тоа, на стандарден јазик прв објавил македонска граматика д-р Круме Кепески во 1946 година. Таа не само што помогнала во кодификацијата на македонскиот литературен јазик, туку и во јакнењето на националната свест кај македонскиот народ по основањето на сопствената држава.

Правопис и правоговор

Правописот и правоговорот, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и правилното пишување.

Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпункцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година.

Во лингвистиката, правописните правила се категоризираат во една од трите главни типови: фонетски или фонолошки, морфолошки и етимолошки правопис. Фонетскиот правопис се однесува на гласот или се управува според гласот и таков вид на правопис има во македонскиот, српскиот, хрватскиот или албанскиот јазик. Со други зборови, во овој вид на правописи се пишува како што се чита. Во основа на морфолошкиот правопис лежи строежот на зборот т.е. без разлика како се изговара, секоја морфема си ја задржува основната форма и таков правопис е на пример бугарскиот. На крај, етимолошкиот правопис е правопис кој се темели на постара пишана форма на еден јазик, како што е англискиот или францускиот правопис. Важно е да се напомене дека нема ниту еден правопис кој е чист по природа, односно мора да има елементи од најмалку еден друг вид на правопис покрај основниот.

Правописот на македонскиот јазик се занимава со правописните правила, нивно изучување, подобрување и одржување. Во склоп на македонскиот правопис спаѓа правописот на самогласките и согласките, употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, делење на зборови, скратеници, транскрипција, интерпункциски знаци и правописни знаци. За подетални информации за секоја од овие области видете ја статијата за правописот на македонскиот јазик.

Фонетика и фонологија

Фонетиката и фонологијата се делови од науката за јазикот кои го проучуваат гласовното рамниште на јазикот. Тие се сродни науки, тесно поврзани една со друга и се дополнуваат меѓу себе. Во принцип, фонетиката го проучува создавањето на гласовите со говорните органи, познато како артикулација, и нивните звучни својства или гласовите, познати како акустика. Од друга страна пак, фонологијата го проучува гласот како елемент кој има функција во јазикот да прави разлика меѓу две јазични единици. Со други зборови, фонологијата може да се нарече функционална фонетика. Двете науки во својот центар на внимание го имаат гласот и неговото формирање. Во тесна врска со овие две науки се правописот и правоговорот. Фонетиката и фонологијата ги изучуваат следните дисциплини: гласот и фонемата, говорните органи, поделбата на гласовите, гласовните промени, акцентот, акцентот на сложенките, отстапување од акцентското правило, акцентот на туѓите зборови и акцентските целости.

Писмо

Македонската азбука е официјално писмо на територијата на Македонија. Писмото е кирилично, со одредени прилагодувања во согласност со македонскиот фонетски систем. Современата македонска азбука се заснова врз кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои правописни знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ, иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л' и н'. Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.

Големи буквиА Б В Г Д Ѓ Е ЖЗ Ѕ И Ј К Л Љ МН Њ О П Р С Т ЌУ ФХ Ц Ч Џ Ш Мали буквиабвгдѓежзѕијклљмнњопрстќуф хцчџш

Македонското ракописно писмо () е верзија на печатеното писмо. Формите на буквите на ракописното писмо се поразлични и приспособени за побрзо рачно пишување. Македонското ракописно писмо е:

center|500px|border|Македонско ракописно писмо.

Академската транслитерација на македонското писмо, како и правописот, ја користи следната латинична азбука:

Големи буквиA B V G D Ǵ E ŽZ Dz I J K L Lj MN Nj O P R S T ḰU FHC Č Dž Š Мали буквиabvgdǵežzdzijklljmnnjoprstḱuf hcčdžš

Гласовен систем

Во македонскиот јазик има 31 глас и секој глас е претставен со по еден знак или буква. Самогласките во македонскиот јазик се: а, е, и, о, у, додека согласките се останатите 26 гласови од македонскиот фонетски систем. Одлики на гласовите во македонскиот јазик се едначењето по звучност, обезвучување на крајот од зборот, удвојување на согласки и елизија.

Гласови

Самогласки ПредниСредниЗаднаВисокиСредниНиски (темен глас) се јавува во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).

Самогласките во двосложни зборови се изговараат (реализираат) како долги, на пр. „се“ и сее .

+СогласкиГраматика на македонскиот јазик, стр. 102, Стојка Бојковска, Просветно дело, Скопје 2008 Уснени Забни/Венечни Задно-венечни Предно-непчени Задно-непчени Носни Избувни Слеани Струјни Приближни Трепетни

Зависно од дијалектот, Ѓ и Ќ може да ги претставуваат венечно-преднонепчените слеани согласки (, односно ).

Заднонепчената носна согласка понекогаш се јавува како алофон на пред и . Пример е зборот „англиски“ .

Белешка: Гласовите во табелата се според МФА. Доколку имате проблеми со нивното толкување, видете ја страницата за појаснување.

Акцент

Акцентот (латински: accentus, потпевнување) е изделување на еден слог од зборот со помош на одредени фонетски средства како што се сила на издишаната воздушна струја, висина на тонот или квалитетот на гласот. Акцентот ги засега самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот. Во зависност од видот на изделената единица, било да е слог, збор или реченица, акцентот може да биде зборовен или слоговен и реченички или фразеолошки.

Зборовен акцент е тој акцент со кој се изделува еден слог од зборот. Секој изговорен збор има акцент и таквите зборови се нарекуваат акцентогени. Сепак, во јазикот има зборови кои немаат акцент и тие се наречени клитички или неакцентирани зборови. Со реченичкиот акцент се истакнува еден збор во реченицата наспроти другите зборови во неа, сè со цел да се даде некаква нијанса во значењето. Така, во тесна врска со реченичкиот акцент се логичкиот или смисловен и емоционалниот или афективен акцент. Покрај оваа основна поделба, акцентот се дели и според фиксираноста на истиот, па така имаме определен и неопределен акцент. Определениот е фиксиран и секогаш паѓа на еден ист слог. Неопределениот е разносложен и нема фиксна положба.

Македонскиот акцент е динамичен или експираторен и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. та́т-ко-то, та́т-ков-ци, тат-ко́в-ци-те, Ма-ке́-до-нец), на вториот слог на двосложни зборови (пр. де́-те, ма́j-ка, та́т-ко) и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. де́н, ро́г, вр́в).

При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот. Така имаме: 'у́чител - учи́телот - учите́лите и сл.

Отстапувања од третосложното акцентирање има

кај глаголските прилози: вика́јќи, оде́јќи итн. кај прилозите за време: година́ва, лето́во итн. кај туѓите зборови: клише́, гене́за, литерату́ра итн.

Акцентски целости

Акцентските целости се два или повеќе зборови подведени под заеднички акцент. Местото на акцентот во акцентската целост се определува според општото правило за македонскиот акцент, односно третиот слог од крајот на зборот или на некој друг во зависност од должината на зборот/ целината. Акцентската целост најчесто е составена од: два збора со сопствен акцент кои во акцентската целост претставуваат еден поим (пр. кисело́‿млеко); збор кој има сопствен акцент и клитика (пр. брату́чед‿ми).

Во зависност од тоа какви зборови како членови влегуваат во состав на акцентската целост има: акцентски целости од два полнозначни збора; акцентски целости со клитика, кои се нарекуваат и клитички изрази.

Морфологија

Зборовни групи