Народното собрание или Претставичкото тело е највисоката цивилна власт на Крушевската Република, тоа се состоело од 60 делегати Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978, претставници на сите етнички групи и други (верски) конфесионалности од Крушево. Една од најважните одлуки на Собранието е изборот на Привремената влада и нејзините членови. Собранието сите свои одлуки ги донело во духот на Македонската револуционерна организација, создавање на републиканско уредување, учество и еднакво задоволување на сите етнички групи и нивно обединување околу идејата за автономна Македонија.

Состав

По ослободувањето на Крушево, на 4 август 1903 година било свикано Собрание на градот. Тоа се состоело од 60 истакнати крушевски граѓани по 20 од секоја народност. Околу припадноста на овие народнсоти нема согласност во историската наука. Дел од историчарите истакнуват дека имало три народности: влашка, албанска и бугарска, односно македоци - егзархисти , а според други населението се делело на 4 народности, иако станува збор за конфесионални зедници. Во тој период населението се состоело од:

1.патријаршисти, тука влегувале поголемиот дел од Власите, малубројни Албанци и незначителен дел на Македонци

2.Власи романофили или националисти

3.Бугари, Македонци - егзархисти

4.Српска партија, која била незначајна

Од трите доминантни конфесионални (верски) општини било создадено собранието на ослободено Крушево.

Говорот на Карев мини|десно|150п|Никола Карев По ослободувањето на градот таму се нашол Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија на чело со Никола Карев. Тој и останати членови на штабот присуствувале на првата седница одржана во слободно Крушево. Карев најпрво им ја честитал слободата на граѓаните, а потоа одржал говор во кој истакнал:

По говорот на Карев, штабот ја напуштил зградата на собранието само тоа да одлучи за видот на управата и да избере лица за новата извршна власт.

Работа Дневен ред Најпрво собранието избрало Биро во состав: претседател Теохар Нешков и секретар - Ѓорѓи Чаче. Бирото предложил дневен ред, кој бил прифатен, а тој гласел;

1. Објавување на Собранието во Основачко народно собрание

2. Определување каков вида да биде управата

3. Определување на лица за Привремен извршен совет

Одлуки мини|десно|150п|Теохар Нешков Првата точка била прифатена без дискусии. За втората дочка се воделе дискусии, а за збор се пријавиле: Наум Велјанов, Ѓорѓи Чаче и Никола Баљу. Во дискусијата која се водела, станало збор за монархистичкото и републиканското уредување во пооделни држави, се дале оценки таквите уредувања. По дискусијата, Собранието едногласно одлучило новата упрва да биде републиканска.

По третата точка исто така имало дискусија. Михаил Зиси предложил наместо Привремено извршно тело да се назначи една комисија која требало да управува со градот. Наум Велјанов истакнал дека создавањето на комисијата не би била адекватна на потребите, бидејќи власта што треба да биде создадена нема да биде само градска туку и околиска. По завршувањето на дискусијата била донесени следните решенија:

1. До завршувањето на Ослободителната борба на востанатиот народ, раководена од Штабот на востаниците, кој е законски избран на еден конгрес (Смилевскиот), никаков друг институт или установа не треба да се меша во функцијата на тој штаб, туку обратно, сите установи и институции треба да бидат во полна услуга на Штабот.

2. Времено, До нормализацијата на положбата, на чело со новоформираната власт ќе биде Штабот, на кој му помага Реонскиот револуционерен комитет, Војводскиот совет и Привремениот извршен совет.

3. Функциите на оделните сектори да се определат од Штабот на востаниците, во согласност со Времениот извршен совет.

4. Изборот на лица за Времениот извршен совет да се изврши преку тајно и слободно гласање.

За членови на Времениот извршен совет биле избрани: Дину Вангел, Николаки Баљу, Ѓорѓи Чаче, Теохар Нешков, Димитар Секулов и Христо Ќурчиев.

Белешки

Наводи

Литература Историја на Македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972

Категорија:Крушевска Република