Општина Демир Капија — општина во југоисточна Централна Македонија со седиште во градот Демир Капија.

Географија

Историја Археолошките испитувања досега немаат откриено кој би го потврдил името на античката населба која се наоѓа во Демир Капија. Единственото расположливо име кое го имаме е Стене, кое на коинê јазикот значи „Теснец“, "Тесница", "Теснина" или „Клисура“. Другата можна етимологија на името е дека името е поврзано со зборот "σθένος" (стхенос / стенос), кој е исто така од коинê јазикот и значи "јачина", "сила", "моќ". Овој збор има сродност со тракискиот збор "стене", чие значење е "јак(а)" или "силен" / "силна", при што укажува дека можеби и тракискиот "стене" има врска со името на градот Стене.

Словенското име кое се задржало до средниот век е Просек, а подоцна турскиот назив Демир Капи, во превод Железна Врата.

Според досегашните наоди со сигурност може да се тврди дека на просторот пред тунелот, нешто јужно од денешна Демир Капија постоела една пајонска населба. Откриени се тврдини на брегот покрај клисурата како и гробна некропола кои се карактеристични за сите илирски и пајонски племиња во Македонија. Во средниот век крај денешна Демир Капија се споменува утврдениот град Просек - Теснина, кој се наоѓал на левата страна на Вардар. Самиот град имал голема улога на стратешко место поради што кон крајот на IX век Бугарите ја преземале оваа територија од Византија. Подоцна овој простор потпаѓа под власта на Цар Самуил а потоа повторно под Византија.

Некогашната градска населба е утврдена со ѕидини, а од јужната страна е природно заштитена.Во римскиот дел на градот се откриени остатоци од канализација, керамика, стакло и др.

На овој простор подоцна е подигната црква која најверојатно датира од IX - X век. Во времето кога македонските Словени го примале христијанството. Судејќи според пронајдените гробови и гробните наоди црквата била во употреба сè до XV век кога била урната и напуштена.

Демир Капија како видно стратешко место претставувала седиште на многу култури и нации кои оставиле зад себе белег кој денес ни помага да откриеме нешто повеќе за нив а со тоа да го збогатиме нашето културолошко знаење

Стопанство

Демографија Според проценка од 2016, општина Демир Капија има 4.039 жители. Според пописот од 2002 година општината има 4.545 Народ ВкупноУдел (%) Македонци 4.209 87,94 Албанци 15 0,51 Турци 225 7,57 Роми 11 0,35 Власи 0 0,00 Срби 54 2,91 Бошњаци 1 0,02останати 30 0,70

Вероисповед Вкупно православни 4.104 муслимани 409 католици 7 протестанти 0 останати 25

Јазик Вкупномакедонски 4.209албански 15турски 225ромски 11влашки 0српски 54бошњачки 1 останати 30

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалничка на општина Демир Капија е Наталија Димитриева од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа била избрана на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски Портал на Демир Капија Општина Демир Капија во „АБВ - деловен именик“