Тома Никлев Петров (1860, Свето Митрани - 4 мај 1909, Могила) — македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978.

Животопис Никлев е роден во 1860 година во прилепското село Свето Митрани тогаш во Отоманското Царство. Тој се приклучил кон Македонската револуционерна организација во 1895 година и застанал на чело на првиот револуционерен комитет во Крушево. Во Илинденското востание бил член на Горското началство и учествувал во освојувањето на Крушево.

Загинал во екот на Борбата за Македонија. Заедно со крушевскиот четник Стојче Летник при преминување на реката Шемница, биле убиени од грчки терористи.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 116.

Извори

Литература Историја на македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972.

Никлев, Тома Никлев, Тома Категорија:Македонски војводи Никлев, Тома Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Родени во 1860 година Категорија:Учесници во Илинденското востание