Света Троица — македонски православен храм во селото Бардовци. Храмот се наоѓа на врвот на малиот рид - височинка над самото село Бардовци, во делот каде што се наоѓаат куќите на најбогатите луѓе од Скопје. Во кругот на црквата постојат конаци, помошни простории, трпезарија и гробишта. Фасадата е обновена и обложена со камен во поново време. Во внатрешноста има убав фрескоживопис дар од селските семејства и натписи на современ македонски јазик како и на старословенски и старословенска кирилица. Над влезот на црквата стои македонското 16-зрачно сонце од Кутлеш.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Бардовци