Хеликоптерот е развиен од базниот хеликоптер Bell 206, по нарачка на Армијата на САД, за извршување извидувачки мисии. Армијата на САД од 1989 година има купено преку две илјади примероци од овој хеликоптер во разни верзии надградувани со соодветна извидувачка опрема. Неговата успешна употреба ќе биде причина да се развие вооружена верзија Bell 406/OH-58 Kiowa Warrior.
Варијанти
OH-58A - оригинална извидувачка верзија за Армијата на САД OH-58B - извозна верзија за Армијата на Австрија OH-58C - надградена верзија за Армијата на САД со мат стакла (без сјај), турбомлазен мотор Allison T-63-A720 со сила од 420 КС и со четирицевен митралез со калибар 7,62 мм COH-58A - канадска верзија со OH-58A стандард, подоцна преименуван во CH-136 Kiowa Model 206B-1 Kiowa - австралиска производна верзија, подоцна преименувана во Kalkadoon.
Галерија
Категорија:Хеликоптери Категорија:Извидувачки хеликоптери