Under My Skin е вториот студиски албум на канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ, издаден ширум светот на 25 мај 2004 година. Овој албум бил нејзиниот последен албум издаден од издавачката куќа Arista Records. Under My Skin се искачил на прво место на Билборд 200 албум табелата и според Билборд магазинот, е ранкиран на 149 место на списокот на топ-продавани албуми во 2000-те. Има продадено 9 милиони копии ширум светот.

Заднина Немајќи планови да работи со продуценти или професионални текстописци, Лавињ напишала поголем дел ос албумот со канадската пејачка-текстописец Чантал Кревиазук, со која таа станала пријателка за време на летото од 2003. Кревиазук, чиј маж Рајан Маида имал свој бенд наречен Our Lady Peace, го отворил концертот на Лавињ во Европа и ја претставил неа во Торонто за време на концерт после забава во јуни 2003. Наредниот ден, Лавињ и Кревиазук имале заеднички ручек, каде Лавињ ѝ кажала како сака да се развива албумот. Тие напишале неколку песни за три недели во куќичката на Маида во Торонто. Кревиазук ја поканила Лавињ тие да продолжат да работат во куќичка во Малибу, Калифорнија, која подоцна станала снимачко студио. Повеќето од песните биле снимени во Малибу.

Кревиазук ѝ понудила на Лавињ Маида да ги продуцира песните од албумот, нешто што на Лавињ ѝ било непознато. Маида продуцирал пет песни, вклучувајќи ја и „Fall to Pieces“, за која и тој помогнал во пишувањето. Лавињ исто така поканила уште два продуценти: Дон Гилмор, кој продуцирал три песни, од кои две биле напишани од Лавињ и Кревиазук, и Бач Валкер кој продуцирал три песни за три дена., Лавињ исто така ја напишала песната, „Nobody's Home“, со Бен Муди, поранешен член на Evanescence а останатите со нејзиниот гитарист Еван Тобенфајлд.

На мрежното место, Лавињ рекла дека таа научила многу работи од нејзиниот прв албум, Let Go: „Јас бев присутна во секој аспект во правењето на овој албум. Многу бев вклучена. Јас знаев како да бидат тапаните, гитарата и структурата. Го разбирам сиот процес многу подобро бидејќи јас помагав во него. Многу сум избирачка со мојот звук.“ За темата на албумот, Лавињ рекла, „Јас имам поминато низ многу работи, па тоа е она за што зборувам....Како момчиња, излегување на состаноци или врски“.

Under My Skin се совпаѓа со неколку музички стилови поради миксот на Лавињ на поп и рок жанрот, сличен со првиот албум на Лавињ, Let Go. Under My Skin бил опишан како тин-поп, панк, поп рок, алтернативен рок, поп панк, и пост-гранџ.

Оценки Според metacritic.com, Under My Skin добил просечни 65 бода, со што добил и позитивни оценки од критичарите.

Издавања и синглови Under My Skin е издаден на 25 мај 2004 во САД и ширум светот.

Лавињ издала четири официјални синглови од албумот. „Don't Tell Me“ е првиот сингл од албумот, напишан и продуциран од Лавињ, Еван Тобенфајлд и Бач Валкер. Ѝ дал на Лавињ номинација на MTV Видео Музичките Награди 2004, искачувајќи се на 22 место на Билборд Хот 100, на 5 место на Табелата за Синглови на Обединетото Кралство и топ 10 во Австралија. „My Happy Ending“ бил вториот сингл; Тој бил и водечкиот сингл од албумот, напишан и продуциран од Лавињ и Бач Валкер песната го вратила Under My Skin на прво место во Канада неколку недели и во топ пет во САД, Гернманија, Обединетотот Кралство, Австралија и други европски земји. Тој бил нејзиниот четврт број-еден сингл во САД Мејнстрим Топ 40 и вториот платински сингл по „Complicated“ (2002). Песната станал голем хит ширум светот. „Nobody's Home“ бил третиот сингл издаден од албумот, напишан од Лавињ и поранешниот гитарист на Evanescence, Бен Мудо, а продуциран од Дон Гилмор. Песната се искачила на пониски места во повеќето земји отколку нејзините претходни синглови. „He Wasn't“ бил четвртиот сингл од албумот напишан и продуциран од Лавињ и Чантал Кревиазук. Не бил издаден во САД, но наместо „He Wasn't“ во САД била издадена песната „Fall to Pieces“, само како радио сингл.

„Take Me Away“ е исто така издаден само како радио сингл во Канада, а потоа и во Австралија.

Искачување на табелите Under My Skin бил нејзиниот прв албум кој се искачил на првото место во САД на Билборд 200, со 381.000 продадени копии. Албумот добил дупла платинска сертификавија од RIAA во ноември 2004, а до јануари 2006 добил тридупла платинска сертификација.

Исто така се искачил на првото место во Јапонија, продавајќи 286.894 копии. Under My Skin исто така се искачил на прво место во Канада продавајќи 63.000 copies, во Обединетото Кралство, Австралија, Шпанија, Мексико и Тајван. Исто така се искачил на првите места на Билборд Интернет Албуми во САД. Се задржал пет месеци на табелата за албуми во Нов Зеланд, добивајќи златна сертификација, но највисоката позиција му била на седмото место. На 15 април 2007, албумот повторно влегол во Табелата за Албуми на Обединетото Кралство на 60 место. Under My Skin продал повеќе од 9 милиони копии ширум светот.

Промоционални турнеи thumb|left|Лавињ во Ванкувер, Канада за време на "Live and by Surprise" турнејата За да го промовира Under My Skin, Лавињ имала "Live and by Surprise", турнеја во 21 гра во САД и Канада. Населбата во секој град не била објавувана 48 часа пред шоуто, кое почнало на 5 март 2004 во Милвауке, Висконсин, неделата кога песната „Don't Tell Me“ била издадена на радио. Придружена со нејзиниот гитарист, Еван Тобенфајлд, Лавињ изведувала кратка акустична верзија на пет песни од албумот во живо. Некои од песните биле и „Complicated“ и „Sk8er Boi“ од албумот Let Go. Некои од песните се нашле на Live Acoustic, нејзиниот трет EP албум.

Bonez Светска Турнеја Лавињ одржала светска турнеја помеѓу 2004 и 2005 наречена, Bonez Tour посетувајќи ги Северна Америка, Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Турнејата со 140 настапи почнала на 26 септември 2004 и завршила една година подоцна, на 25 септември 2005. Предгрупи концертите биле Simple Plan и Бач Валкер. На истите настапи, таа ја препеала песната „American Idiot“ од Green Day и „All the Small Things“ од Blink-182. Настапите во живо на Будоканскиот Стадиум се нашле на ДВД-то Live at Budokan: Bonez Tour, кое било издадено само во Јапонија.

Список на песни

Специјална Едиција „Nobody's Home“ (живо) – 3:20 „Take Me Away“ (живо) – 2:55 „He Wasn't“ (живо) – 3:13 „Tomorrow“ (живо) (Лавињ, Куртис Фраска, Сабел Брир) – 3:35 ДВД: Under My Skin Дневник Bonez Tour Дневник „Don't Tell Me“ (музичко видео) „My Happy Ending“ (музичко видео) „Nobody's Home“ (музичко видео) „He Wasn't“(музичко видео)

DualDisc Едиција ДВД страна: Целиот албум со подобрен звук Зад сцените „Don't Tell Me“ (музичко видео) „My Happy Ending“ (музичко видео) „Nobody's Home“ (музичко видео)

Б-страни и извадоци „Take It“ (Аврил Лавињ, Клиф Магнес) – 2:50 „Knockin' on Heaven's Door“ (Боб Дилан) – 2:53 „Daydream“ (Аврил Лавињ, Чантал Кревиазук) – 3:02 „Breakaway“ (Аврил Лавињ, Метју Жерард) – Аврил ја напишала оваа песна за Under My Skin, но била одбиена. Подоцна песната се појавила на албумот Breakaway од Кели Кларксон и била издадена како прв сингл од албумот.

Историја на издавање РегионДатумКуќи Јапонија 12 мај 2004BMG Japan Обединетото Кралство 24 мај 2004Arista САД 25 мај 2004

Наводи

Категорија:Албуми на Аврил Лавињ Категорија:Албуми од 2004