Општина Карбинци — општина во Источна Македонија. Седиште на општината е селото Карбинци.
Географија мини|лево|245п|Карта на Општина Карбинци со атарите/катастарските општини. Карбинци е оддалечено 13 километри од градот Штип. Карбинци се наоѓа во подножјето на планината Плачковица и доста е богато со житни и градинарски култури.
Историја На територијата на Општина Карбинци се пронајдени вредни археолошки наоѓалишта, кои зборуваат за долгата историја на ова подрачје. Така, за време на работите на хидросистемот Злетовица, при ископувањата во наоѓалиштето „Грнчарица“, во близината на селото Крупиште, била откриена населба од раниот неолит, при што биле пронајдени предмети и керамика чија старост е проценета на околу 6 000 години п.н.е. Малку подалеку бил откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница во Македонија ги изработувала своите орудија од кремен. На тој начин, таа се смета за најстара неолитска населба на територијата на Македонија. На истата локација бил откриен скелетот, кој го добил името „Славе Македонски“, за кого, според анализата на коските направена на Универзитетот во Глазгов, се претпоставува дека е стар 7 745 години, што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа. Исто така, во наоѓалиштето „Вршник“ (во атарот на селото Таринци) е пронајдена населба од времето на неолитот (од 6 200 до 3 500 година п.н.е.). Археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.) се пронајдени во наоѓалиштето „Кнежевска Могила“, во атарот на селото Таринци, и во гробницата кај селото Црвулево.ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со карта на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
Стопанство
Демографија мини|десно|245п|Демографска карта на Општина Карбинци според пописот од 2002 година. Според проценка од 2016, општина Карбинци има 3.958 жители.
НародВкупноУдел (%)Македонци3.21979,76Албанци00,0Турци71618,15Роми20,05Власи491,34Срби110,30Бошњаци00,00останати150,40
ВероисповедВкупноправославни3.254муслимани729католици0протестанти0останати21
ЈазикВкупномакедонски3.219албански0турски716ромски2влашки49српски11бошњачки0останати15
Општествени установи
Самоуправа и политика Градоначалник на општина Карбинци е Виктор Паунов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт ФК Карбинци
Иселеништво
Поврзано Општина Штип
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Карбинци Општина Карбинци во „АБВ - деловен именик“