Вапчица — археолошко наоѓалиште во дебарското село Голем Папрадник. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на околу 3 км југозападно од селото, веднаш до брегот на хидроакумулацијата Шпиље, каде се гледаат монолитни плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Наоѓалиштето повремено се поплавува од езерските води.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Вапавска Краста — доцноантичка населба; Св. Петка — средновековна црква; Црквичка — средновековна црква и некропола; Голем Папрадник; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Голем Папрадник