Варвара — историско село и викенд–населба во Општина Сопиште, во околината на град Скопје. Сместено е во најјужниот дел на атарот на с. Ракотинци, на околу 4,5 км јужно од него по најкусиот пат.

Географија и местоположба Варвара се наоѓа веднаш на левиот брег на Маркова Река во нејзината алувијална рамнина, на регионалниот автомобилски пат кој води од Драчево кон Марковиот Манастир и езерото Козјак во Порече (Р1106). Селото е рамничарско во подножјето на планината Китка. Во непосредна близина на селото се наоѓаат селата Маркова Сушица и Добри Дол. Во селото постојат голем број на викенд-куќи на жители од градот Скопје.

Историја Подрачјето на Варвара е населено уште од железното време, за што сведочи некрополата Пржали на околу 500 м источно од селото.

Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 21 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 42 жители.

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209

Во XIX век селото Варвара било чифлиг на скопскиот митрополит. Во втората половина на истиот век македонското население од селото било насилно почифлигувано од албанскиот насилник Касам-ќаја од село Гургурница, кој почнал да населува Албанци во селото. По зачестените комитски акции, Касам-ќаја и албанското население се повлекле, а македонското население со помош на селаните од Ракотинци и Добри Дол си ја откупиле земјата.

Демографија Според пописот од 2021 година, оваа викенд–населба била забележана со 166 жители, 58 домаќинства и 203 објекти, кои биле пресметани во составот на селото Ракотинци.Пописни кругови – Попис 2021, Државен завод за статистика на РСМ.

Стопанство Во рамките на викенд населбата, имало 3 трговски објекти.

Културни и природни знаменитости Постои црква посветена на „Света Петка“. Археолошки наоѓалишта Кале — утврдена населба (опидум) од раноантичко време Пржали — некропола од железно и римско време

Поврзано Торбешија Општина Сопиште

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Варвара на Карти на Гугл