Black Star е првиот парфем на канадската пејачка Аврил Лавињ наменет за тинејџери. Парфемот се издава во шишиња од 10ml, 15ml, 30ml, 50ml и 100ml, во облик на гел за туширање, лосион за тело и дезодоранс. Мини гел за туширање доаѓа како Black Star подарок во Обединетото Кралство, а во германско/холандското издание со подарокот се добива и 50ml лосион за тело.
Заднина Парфемот е објавен преку официјалната страна на Аврил Лавињ на 7 март 2009. Парфемот содржи делови на розов хибискус , црна слива и темна чоколада. Издаден е во неколку европски држави вклучувајќи ги Холандија, Германија, Белгија, Франција, Италија, Финска, Обединетото Кралство и Данска. Black Star е издаден во САД на 15 август, ексклузивно во Kohl's. Black Star е издаден во Канада, во Shoppers Drug Mart. Black Star исто така е издаден во Австралија, во Myer.
Во неколку земји, во зависнот од земјата и продавницата, Black Star се продава со подароци, вклучувајќи бразлетна, маица, звучници, компактно огледало и четири видови на торби. Цените можат да се најдат на официјалната страница на парфемот.
Промоција Рекламирање
Лавињ имала ексклузивна забава за Black Star во Лондон на 17 март 2009 година. На забавата биле присутни неколку новинари и тројца холандски обожаватели. Таа го претставила шишето на Black Star парфемот, а исто така ја презентирала и линијата на облеки Abbey Dawn.http://www.youtube.com/watch?v=x_aOpbjBllM&feature=channel Во САД парфемот бил презентиран во Њујорк на новинарите.http://www.nitrolicious.com/blog/2009/08/14/avril-lavigne-black-star-fragrance/ Лавињ не се појавила таму, но таа снимила неколку видео пораки кои им биле пуштени на присутните.
Во другите земји рекламирањето се вршело преку постери, пробување на парфеми и на други начини.
Песна Аврил Лавињ сама ја напишала песната во рекламата за време на пауза во текот азискиот дел на турнејата The Best Damn Tour. Отпрвин песната требало да биде кратка, но потоа според магазинот Rolling Stone прераснала во "една од најамбициозните песни на Аврил Лавињ, убава приспивна песна која се врти околу гитарата и пијаното на бендот Coldplay". Лавињ кажала дека размислувала да ја издаде песната како сингл,тврдејќи дека има "има ист ефект на моите пријатели како и песната Girlfriend". Исто така песната се појавува на четвртиот студиски албум на Лавињ, Goodbye Lullaby, речиси две години откако е искористена како реклама за парфемот.
Видео Рекламата за Black Star е режирана од Били Вудруф и е снимана во Лос Анџелес. Започнува со Лавињ која излегува од шишенце на Black Star. Таа забележува црна ѕвезда која се движи во воздухот, скока и ја фаќа, и потоа се претвора во Black Star шишенце. Ја отвора кутијата и се прска со парфемот, потоа го фрла шишенцето во камерата, и им го нуди на гледачите. Во некои земји рекламата е скратена и делот кога Аврил се прска е исечен.http://www.youtube.com/watch?v=lMFx5OhKqF8http://www.youtube.com/watch?v=amtzsm498CY&feature=channel Лавињ кажала дека многу се забавувала за време на снимањето на видеото. Фустанот кој го носи е од 1980-тите.http://www.youtube.com/watch?v=lMFx5OhKqF8/
Награди Во мај 2010 година, Лавињ преку нејзината официјална страница изјавила дека парфемот Black Star е номиниран за FiFi наградите во категоријата "Парфем на годината - Популарен додаток на жените".
Подоцна истиот месец, Лавињ исто така кажала дека парфемот освоил награда за "Најдобар парфем" од Cosmetic Executive Women.
ГодинаЦеремонијаНаградаРезултат2010CEW (Cosmetic Executive Women) Beauty AwardsНајдобар ПарфемосвоилFiFi НаградиПарфем на годината - Популарен додаток на женитеноминиран
Наводи
Надворешни врски Официјална страна на Аврил Лавињ Официјална страна на Black Star Официјална австралиска страна на Black Star Официјална реклама на Black Star
Категорија:Аврил Лавињ Категорија:Производи на Аврил Лавињ