Операцијата Зора на Одисеј е тајното име на операцијата извршена од страна на војската на САД во Либија како први чекор во меѓународната операција. Операцијата следувала како дел од операција Ellamy на Обединетото Кралство, Операција Мобиле на Канада и Операција Harmattan на Франција.
Три невидливи американски бомбардери Б-2 и британски ловци – торнадо, ја продолжиле акцијата на 20 март. Околу 40 бомби завршиле врз неколку либиски воени бази во главниот град Триполи. Првата фаза од воздушните напади била оценета за успешна од страна на американскиот генералштаб и од истиот извор било изјавено дека воспоставиле зона на забрането летање. Целта на овие напади била да се спречат воздушните напади од страна на силите на Гадафи. Оваа операција била преземена по итната конференција која се одржала во Париз.
Команданти
Стратешката насока на операцијата Зора на Одисеј била под надлежност на генералштабот на американската војска на чело со Картер Хем. Тактичката операција е под команда на адмиралот Сем Локлир, командант на поморските сили на САД.
Дејства
Според заменик-адмиралот Вилијам Гортни, САД и Велика Британија лансирале кон Либија повеќе од сто проектили Tomahawk. Либиските државни медиуми исто така известиле за напади врз цивилни цели во големите градови, вклучувајќи ги и Триполи, како и објекти за складирање во градот Мисрата, што резултирале со пожари.
Според првите официјални податоци, по првиот напад на Алијансата, кога биле истрелани 112 томахавки, загинале 90 луѓе, а 150 биле повредениhttp://daily.mk/cluster3/9674d6fe2ef5ac55ce293bc8d56417ec/648349
Наводи
Категорија:Либиско востание (2011) Категорија:Меѓународна безбедност Зора на Одисеј
es:Operación Amanecer de la Odisea it:Guerra civile libica#Intervento dell'Organizzazione delle Nazioni Unite