Чоканче — македонска рокенрол музичка група од Битола. Препознатливи се по својот брз рокенрол звук, но често имаат и хеви метал и хард-рок песни. Нивното име потекнува од малото шишенце-чашка за ракија кое се нарекува чоканче.

Првиот настап го имале на Гитаријада во киното „Партизан“ во Битола во 1983 година. Врвот на својата активност го доживуваат кон крајот на осумдесеттите и особено во почетокот на деведесеттите години на XX век, по осамостојувањето на Македонија. Во својата 20-годишна кариера бендот успеал да реализира еден двоен албум (Чоканче 1 и Чоканче 2), за кој велат дека е прв двоен албум во Македонијаhttp://www.myspace.com/cokance. Иако има бројна и верна рок-публика, Чоканче сите овие години делува крајно на маргините, во милост и немилост на медиумите. Досега групата самостојно настапувала ширум Македонија, а била и предгрупа на Дивље јагоде, Рибља чорба и Бајага, при што секаде била добро прифатена. Во својата биографија, осврнувајќи се на дваесетгодишната кариера, членовите на Чоканче истакнуваат дека за цело ова време, во функција на добра свирка и расположение уништија неколку цистерни најразновиден алкохол, додавајќи на крајот дека Чоканче оди понатаму!

Надворешни врски „Чоканче 1 и 2“ - целиот албум со 21 песна на YouTube

Наводи

Категорија:Македонски хеви метал музички групи Категорија:Македонски рокенрол групи