Дејан Јанушев (попознат како Скит Скитара) е роден на година во Скопје. Со творење започнува од својата 12 годишна возраст. На 15 години заедно со својот другар Марко Слаткаристика ја оформуваат хип-хоп групата “Единствена Опција” и во 2004 година го издаваат албумот “Рап Тврдина”. Во 2006 година имаат свој настап на престижниот музички фестивал ”Егзит” кој се одржува во Нови Сад. Во 2008 година заедно со Пука Козметика, Слаткар, Ел Мариачи, Боро Лаказ, Кацар, Желе, Сиги, Аце НЛ, Че и Дј Димитриј Је Ја Јоу, ја оформуваат групацијата “Токсикологија”.Една недела Скит на прво место за ремиксот на Бијонсе; преземено од Инпрес (Скопје, 23 февруари 2012 (ИНПРЕС))

Скит Скитара е продуцент, текстописец, пее и рецитира. Продуцент е на сите големи хитови на групацијата “Токсикологија” како што се “Ново Лисиче Будало“, “4екераукц“, “Смеј се и пеј“, и многу други. До сега соработувал и е во одлична соработка со скоро сите македонски хип-хоп групи и артисти. Првиот соло албум на Скит Скитара е насловен “Скит го има она…маафака” кој излезе јуни 2010 година во соработка со Јованов Рекордс.Прв албум на Скит Скитара Во својот прв соло албум ќе се појави не само како артист туку и како кант автор на сите песни.Јованов Рекордс

Наводи

Надворешни врски Податоци за музичкото портфолио на Скит Скитара може да најдете на ВБУ Музички Регистар (www.muzichkiregistar.com)

Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски Рап Категорија:Македонски хип-хоп музичари