"I'm With You" е песна од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ за нејзиниот прв албум, Let Go. Објавена е на 19 ноември 2002 од издавачката куќа Arista Records како трет сингл од албумот. Песната е првата балада од Лавињ издадена како сингл. Тоа е исто така првата песна на Аврил Лавињ која е номинирана за Греми Награди во категориите за Песна на Годината и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба на Греми Наградите во 2004.
Песната се искачила на прво место во Мексико, четврто место на Билборд Хот 100 во САД (третиот силнгл на Лавињ кој се искачил во првите десет), седмо место во Обединетото Кралство, тринаесетто место во Канада и на прво место на Глобалната табела за песни.
Наводи
Наворешни врски "I'm With You" - музичко видео Официјална страница на Аврил Лавињ
Категорија:Песни на Аврил Лавињ Категорија:Синглови од 2002