Јачмиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Осој. Претставува некропола од доцниот среден век. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, каде при копање на канал за наводнување биле откриени и уништени 12 гроба градени од камени плочи, поставени во правецот исток-запад. Во еден од гробовите било најдено бронзено копче.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Латинска Црква — средновековна населба и некропола; Миќо Костенче — средновековна некропола; Раздол — доцноантичка некропола; Црквиште — доцноантичка населба; Осој; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Осој (Кичевско)