Саат-кула, наречена и Ебу Бекир-пашина саат-кула () — една од најзнаменитите и препознатливи градби во градот Гостивар. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме. Гостиварската саат кула заедно со оние во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните првични саат-кули. Таа сè уште е во функција и го покажува точното време преку неколку часовници вградени на неа. Кулата е заведена како Културно наследство на Македонија.
Местоположба Се наоѓа во средиштето на Гостивар, а веднаш до неа постои џамија наречена Саат-џамија („Ебу Бекир-пашина џамија“) која била обновена во поново време Во непосредната околина на саат-кулата се наоѓаат поштата, познатиот трговски центар „Блу-центар“ со стаклената фасада, а недалеку по улицата на 250-300 метри е црквата црквата Света Богородица и градскиот плоштад.
Историја мини|200п|лево|Натписот. мини|200п|лево|Кулата во разрушена состојба во 1950-тите. Изградена е во 1728/29 година од Исмаил-ага, син на Хаџи Јусуф-ага. Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата.
Зградата била прогласена за културно наследство врз основа на актот 8 од 7 септември 1958 година.
Во 2010 година, била реставрирана под сомнителни околности.
Во јануари 2017 година, биле пуштени во употреба четири нови часовници на врвот на кулата. Поставувањето на часовниците било раководено од Конзерваторскиот центар - Гостивар, а парите били обезбедени од Министерството за култура во вредност од 520 илјади денари.
Галерија
Поврзано Саат-џамија (Гостивар)
Наводи
Надворешни врски
Саат- кула Гостивар
Гостивар Категорија:Знаменитости во Гостивар Категорија:Македонската архитектура во 18 век Категорија:Отоманската архитектура во 18 век