Унско-санскиот кантон е еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина. Кантонот се наоѓа во северозападниот дел од земјата и е именуван според реките Уна и Сана. Центар на Унско-санскиот кантон е градот Бихаќ.

Население

Според пописот од 2013 година, кантонот има население од 273,261 жители од кои 246,012 Бошњаци (90.02.3%), 8,452 Срби (3.09%), 5,073 Хрвати (1.85%), и 13,724 други (5.04%).

Општини

Во кантонот се наоѓаат следните општини: Бихаќ, Босанска Крупа, Босански Петровац, Бужим, Цазин, Кључ, Сански Мост и Велика Кладуша.

Поврзано Босна и Херцеговина Административна поделба на Босна и Херцеговина Кантони во Босна и Херцеговина

Наводи

*