Римски Гробишта — археолошко наоѓалиште во кичевското село Лешница. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на црквата Св. Кузман и Дамјан, каде при изградбата на патот што води кон селто, во 1946/47 година биле откриени повеќе гробови, а дел од нив се гледаат и во профилот на засекот. Градени се од камени плочи, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Лешница; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Лешница (Кичевско)