Раното христијанство (обично се сметаат како христијанството кое го опфаќа периодот пред 325 година) се проширело од источниот дел на Средоземјето во Римското Царство и пошироко во Источна Африка и Јужна Азија, па сè до Индија. Во почетокот, овој развој или ширење на христијанството било тесно поврзано со центрите на хебрејската вера, како Светата земја и еврејската дијаспора. Исус и неговите следбеници биле првите евреи кои историчарите ги посочиле како еврејски христијани.

По Христовото распнување, Јаков Праведниот го презел управувањето со Ерусалимската црква. Голем дел од апостолите пак заминале надвор од Ерусалим, основајќи ги првите христијански заедници. Раните христијани обично се собирале во мали приватни домови, познати како куќни црквиПавле во ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ (16:5) го употребува терминот „...и црквата во нивниот дом!...“ ., но целата христијанска заедница го користела терминот црква кој збор во превод на грчки значи собор или толпа.

Голем дел од раните христијани биле трговци, кои поради своите потреби често патувале кон Северна Африка, Мала Азија, Арабија, Македонија, Грција, и други местаВидмар, Католичката црква низ вековите (2005), pp. 19–20. До 100 година, биле основани повеќе од 40 такви заедници, од кои најголем дел биле формирани во Анадолија, познати како Седумте цркви во АзијаХичкок, Географија на религијата (2004), p.страна 281, цитат: "До 100 година, повеќе од 40 христијански заедници постоеле во градовите низ Средоземјето, вклучувајќи и две во Северна Африка, во Александрија и Кирена, како и неколку во Италија."."Бокенкотер, Кратка историја на католичката црква (2004), p.страна 18, цитат: "Историјата за тоа како оваа мала заедница на верници се шири во многу градови по Римското Царство во рок од помалку од еден век е навистина едно извонредно поглавје во историјата на човештвото.". До крајот на 1 век, христијанството започнало да се шири кон Рим, Индија како и главните градови на Балканот, Мала Азија и Сирија, кои послужиле подоцна како главни центри за христијанската експанзија.

Источно Римско Царство thumb|Сионска горница на Сионската гора, место каде била одржана Тајна вечера и Педесетницата. Бергил ПиксерBargil Pixner, Апостолската црква основана на Сионската гора, Библиски археолошки погледи 16.3 мај/јуни1990 тврди дека на оваа место била изградена црква посветена на светите апостоли thumb|200px|right|Слика која ја покажува денешната Базилика на Светиот Гроб која се наоѓа наГолгота, означувајќи го гробот на Исус. Ерусалим

Исус Христос и неговите апостоли, ученици и следбеници, како евреи заминале од Галилеја кон Ерусалим, и по пристигнувањето во градот се упатиле во Ерусалимскиот храм. Ова според христијанските верувања се случило во околу 33 година, време кога градот бил под римско владеење, како дел од Јудејската провинција на империјата. По инцидентот кој се случил во храмот, Исус во Ерусалим бил распнат на крст, каде воскреснал и се вознесел на небото со пророштво дека повторно ќе се врати.

Ерусалим станал прв центар на христијанството, според Дела апостолски во согласност со Католичката енциклопедија. Локацијата на првата христијанска црква претставувало местото каде се случила самата Педесетница"Jerusalem." Cross, F. L., ed. Оксфордски речник на христијанската цЦрква. Њујорк: Oxford University Press. 2005, односно слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Братот на Исус, Јаков Праведниот бил водач во раната црква. Овие позиции најверојатно тој ги задржил сè до уништувањето односно разрушувањето на градот во 70 година во Опсадата на Ерусалим и повторното негово обновување, под името Елија Капитолина. Во 130 година, време кога скоро сите евреи биле протерени од градот. Претходно, во околу 50 година, во Ерусалим се одржал т.н. Апостолски собор на кој присуствувале Варнава, Павле, Јаков, Петар, Јован итн., создавајќи ги столбовите на цркватаКатоличка енциклопедија: St. James the Less: ... „и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;... Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните“. ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ (2:9). Така, апостолите и старешините со апостолска уредба (Дела 15:19-21) одлучијале да изберат меѓу себе некои луѓе и да ги испратат со Павле и Варнава во Антиохија. Овде била направена и првата диференцијација на црквата од своите еврејски корени (прв голем чин за прифаќање на Исус како МесијаМекграт Алистер, Христијанство: Вовед, Blackwell Publishing,(2006), ISBN 1-4051-0899-1, страна 174: "Всушност, тие еврејски христијани христијанството го имале како потврда за секој аспект на современиот јудаизам, со додавање на едно дополнително верување — дека Исус бил Месија."). Во приближно ист временски период јудаизмот сунетското обрежување го направил уште построг ритуал во својата вера"peri'ah", (Shab. xxx. 6).

Антиохија

thumb|200px|right|Црквата Свети Петар во близина на Антакија, Турција. Според преданието, се смета дека ова било местото каде Апостол Петар го проповедил евангелието во тогашна Антиохија. Антиохија бил главен центар на Грција, и трет најважен град во Римското ЦарствоCross, F. L., ed. Оксфордски речник на христијанската црква. Њујорк: Oxford University Press. 2005, наслов: Антиохија, тогаш дел од провинцијата Сирија, а денеска во близина на градот Антакија во Турција. Во овој град за првпат се случило првото несогласување помеѓу апостолите, познат како инцидент од Антиохија. Според Дела на апостолите (15:36-40), Павле му речекол на Апостол Варнава да се вратат повторно и да ги посетат останатите апостоли по сите градови. Но на сметка на ова, Варнава сакал со себе да го понесе Јован, а Апостол Павле сметал дека не би требало да се води со нив оној кој претходно се оддалечил од нив. Така, според Дела апостолски, дошло до расправа, по кое тие се разделиле. Варнава заминал кон Кипар, а Павле се вратил кон Сирија, основајќи ја новата црква. Спор се јавил и според Послание кон Галатјаните (2:11-13).

Овој град претставувал голем центар на раната црква, која традиционално се вели дека била основана од страна на Свети Петар, кој се смета и за прв епископ на антиохиската црква. Евангелиото по Матеј и Апостолскиот устав биле напишани во овој град. Игнатиј Богоносец бил избран за трет епископ на Антиохија. Факултетот во Антиохија бил основан во 270 година, како една од двета големи центри на раното црковно учење. Антиохиската црква станала една од петте најголеми цркви во пентархијата на Римското Царство"Обично надлежноста се протегала на териториите на соседните земји... Најголемите епископи имале такво овластување, како на пример Рим бил одговорен за цела денешна Италија или дел од неа, Александрија за Египет и денешна Либија, Антиохија за најголемиот дел од Мала Азија. Последните три биле признаени од страна на Влеленскиот собор во Никеја од 325 година" Cross, F. L. - Оксфордски речник на христијанската црква. Њујорк: Oxford University Press. 2005, наслов патријарх.

Александрија

Александрија е град кој се наоѓа во делатата на реката Нил, основена од страна на Александар Македонски. Овој град станал центар на старогрчкото учење. Еден од најпознатите еврејски филозофи бил Филон АлександрискиЕврејска енциклопедија: Александрија, Стар Египет (англиски), а како најпознати црковни отци од ранохристијанската ера се вклучуваат: Антониј Велики, Атанасиј АлександрискиСпоред Католичка енциклопедија од статијата Александрија: " Едно од најзначајните морски пристаништа во Египет, регионот на левиот брег од реката Нил, бил создаден град од страна на Александар Македонски во текот на 331 година пред новата ера. Птоломејците, наследници на Александар Велики на престолот во Египет, многу бргу градот го претвориле во еден од најголемата трговска метропола во светот. Гај Јулиј Цезар, кој го посетил градот во 46 година пред новата ера, ја остави кралицата Клеопатра да владее, но кога Октавијан Август се качил на престолот, во 30 година пред новата ера, Египет и самиот град го претворил во римска провинција. Александрија продолжила да се развива значително и во римско време, и бил еден од најзначајните градови во Византија по Цариград. Христијанството во градот било донесено од страна на апостолот Свети Марко. Истата вера била прифатена од страна на голем број на верници и учени од кои најпознати се Кирил Александриски и Ориген. Била создадена и Александриската црква, од кои во раното христијанство морат да се споменат Атанасиј и Кирил... , Кирил Александриски и Климент Александриски. Според одлуките од Првиот вселенски собор, Александрија станала седиште на христијанските цркви во Египет, Либија и цела Северна Африка.

По наредба на Кирил Александриски, во 415 година била целосно разрушена еврејската населба во градот, како на резултат на декретите кои претходно ги имал издадено императорот Теодосиј I.

Таканаречената Александриска школа била една од трите школи, трите правци на христијанската теолошка филозофија, покрај Антиохиската школа и посебниот правец што бил создаден како резултат на списите што му се припишуваат на Дионисиј Ареопагит.

За прв епископ или основач на црквата во Александрија се смета Свети Марко.

Анадолија

thumb|right|200px|Седум цркви во Азија Јован Богослов според историјата на христијанството одиграл голема улога во Анадолија, блискоисточниот дел на денешна Турција, во западната римска провинција Азија. Евангелието по Јован најверојатно било напишано во Ефес. Според Новиот завет, главните патувања и проповедања во почетокот на Апостол Павле биле на територијата на Анадолија.

Книгата на Откровението, се верува дека била напишана од Јован Богослов или од Јован од Патмос, на еден грчки остров кој се наоѓа на 20 милји надвор од анадолскиот брег. Според истиот извор, во тогашно време постоеле т.н. Седум цркви во Азија или Седум цркви на Апокалипсата. Првото послание на Петар (http://www.mkbible.net/biblija/index.php?1%20Petrovo%201 1:1-2 МАкедонска Библија) се однесува на анадолскиот регион, каде се споменуваат регионите и провинциите Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија. Освен ова, на југоисточниот дел на Црно Море, местото Понт, кое било грчка колонија, се споменува трипати во Новиот завет. Жителите на Понт биле првите кои го прифатиле христијанството. Плиниј, гувернер од 110 година, во своите писма се обратил кон христијаните во Понт.

Пет од преживеаните писма на Игнатиј Богоносец се однесуваат до анадолските градови. Смирна била родното место на Свети Поликарп Смирнски, епископ кој наводно бил еден од раните апостолски отци и директен ученик на Јован Богослов. Според Светото Предание, тој бил жив изгорен во Смирна, седиштето на неговата Епископија (денешен Измир, Турција).

Во текот на 2 век, на просторот на Анадолија се појавил Кватродециманизамот и Монтанизам. Монтанизамот претставувал ранохристијанско движење, кое било наречено според основачот Монтан. Монтан своето проповедење го започнал во 170 година, во областа околу Фригија, тврдејќи дека примил серија од должности дадени од Светиот Дух. Меѓу раните работници од овој простор бил и Маркион, кој бил основач на подоцна гностичката секта на марионите. Маркион ја нагласувал неспоивливоста помеѓу Стариот и Новиот завет, односно пораките на Исус и јудаизмот. Маркиот успеал да создаде еден вид опозициска црква во рамките на Римското Царство. По ова, неговата црква била прогласена за ерес. Главната цел на Маркион била да се одвои христијанството од јудаизмот.