Мшчонув (; , Амшинов) — град во Мазовското Војводство, во средишниот дел на Полска. Има 6.409 жители (2016)Głównego Urzędu Statystycznego: Ludność. Stan i struktura w przekroju terytorialnym (Stan w dniu 31 XII 2008 r.) (пол.) и е административен центар на истоимената градско-селска општина.

Географија Градот се наоѓа во историската област Мазовија. Сместен е покрај реката Окшеша на 50 км југозападно од главниот град Варшава.

Историја Мшчонув првпат се споменува во 1245 година (во документ на кнезот Конрад I Мазовецки). По археолошки ископувања на стари гробишта од XII век во градот се оформува мислење дека населбата е постара повеќе од еден век од споменатата година. Мшчонув добил градски права во 1377 година од кнезот Шемовит III Мазовецки.

Градот има еврејска заедница и некогаш бил центар на хасидската династија Амшинов (затоа Мшчонув на јидиш се нарекува Амшинов).

Збратимени градови Мшчонув е збратимен со следниве градови:

Кочани, Македонија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Градски портал на Мшчонув

Категорија:Градови во Мазовското Војводство Категорија:Мшчонув (општина) Категорија:Жирардувски Округ