Копер (, , ) — град сместен близу границата со Италија и петтиот најголем град во Словенија, седиште на истоимената Градска општина Копер. Сместен во Истра во најјугозападниот дел во државата, околу 3 км јужно од границата со Италија и 20 км од Трст, Копер е најголемиот пристаништен град во државата. Граничи со сателитските гратчиња Изола и Анкаран. Градот се наоѓа во Трстјанскиот Залив на Јадранското МореEntry for Koper in the Lonely Planet Guide to Slovenia. Службено гратчето е двојазично: словенечки и италијански. Од 2021, градот претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу педесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 26.000 жители.

Имиња Италијанското име на гратчето било архаично напишано како Капо д'Истрија (Capo d'Istria), и е заведено на карти и извори на други европски јазици како такви. Современите имиња на градот се: , , . Словенечкото население го нарекува гратчето Копер. Словенското говорно население, присутно во областа барем од крајот на VII век, во голема мера се потпирало на усната традиција до пронајдокот на печатењето. Словенечкото име Копер првпат било писмено споменато во 1557 година, но напишано како Kopper.

Архитектура Коперскиот Преторски двореца од 15 век се наоѓа на градскиот плоштад. Изграден е од две постари куќи од 13 век кои биле поврзани со чардак, многупати обновувана, а потоа завршена како венецијански готски дворец. Денес, тој е дом на туристичката канцеларија на Општина Копер.

Градската соборна црква „Успение на Богородица“ е изградена во втората половина на 12 век и има едно од најстарите ѕвона во Словенија (од 1333 година), излеани од Николо и Мартино, синовите на мајсторот Џакомо од Венеција. Горната тераса е периодично отворена и нуди прекрасен поглед на Трстјанскиот Залив. Во средината на неа виси сликата од уметничкиот правец Свет разговор (Sacra Conversatione) од 1516 година, една од најдобрите ренесансни слики во Словенија, направена од Виторе Карпачо.

Клима Копер има влажна суптропска клима. Во Копер има значителна количина на врнежи, дури и во најсувиот месец, при што секој месец е во просек над 60 мм. Оваа клима е според Кепен-Гајгеровата класификација на климата. Просечната температура во Копер е 14,4 °C. Просечните годишни врнежи се 1,056 мм.

Население мини|десно|Современ станбен четврт. Италијанскиот некогаш бил главен јазик во гратчето, кој го зборувале 92% од населението во 1900 година, но овој број нагло се намалил откако Словенечка Истра била вклучена во Југославија во 1954 година и многу етнички Италијанци го напуштиле градот. Денес, италијанскиот главно се користи како втор јазик од мнозинството што зборува словенечки. Словенечкиот преовладува кој практично сите граѓани го зборуваат, а потоа следат малубројните говорители на италијанскио и хрватскиот.

Спорт Главниот фудбалски клуб е ФК Копер, кој моментално игра во Словенечката прва лига која ја освоил еднаш во текот на своето постоење.

Пристаниште мини|десно|300п|Пристаништето Копер. Прво основано за време на Римската Империја, пристаништето Копер одиграло важна улога во развојот на областа. Тоа е меѓу најголемите во регионот и е еден од најважните транзитни патишта за стоки што се движат од Азија кон Средна Европа. За разлика од другите европски пристаништа, со кои управуваат пристанишните власти, активностите на пристаништето Копер го опфаќаат управувањето со областа на слободната зона, управувањето со пристаништето и улогата на оператор на терминал.

Позначајни личности од Копер Џан Риналдо Карли (1720-1795), книжевник Виторе Карпачо (ок. 1460 - ок. 1525), сликар Борис Каваца (1939 - ), глумец Алдо Керини (1919-2010), историчар и писателPage in Italian about Aldo Cherini. Istrianet.org. Посетено на 31 јануари 2023. Џорџо Коболи, добитник на Италијански златен медал во Втората светска војнаBrief article in Italian from ''Corriere della Sera'': ''Lutto, muore Giorgio Cobolli eroe della Guerra d'Africa'' (George Cobolli, hero of African War, is dead). Archiviostorico.corriere.it (24 декември 2009). Retrieved 24 September 2011. Луција Чок, јазичар, политичар Златко Дедиќ (1984- ), фудбалер Доменико да Каподистрија (роден доцен 14 век), архитект Лорела Флего (1974-), телевизиски забавувач Рудолф Голоух (1887-1982), политичар и автор Јака Иванчич (1979-), фотограф Енеј Јеленич (1992-), фудбалер Јоанис Каподистријас (1776–1831), грчки патриот и прв управник на грчката држава (1828–1831) - неговото семејство води потекло од Копер/Каподистрија Андреја Клепач (1986-), тенисер Тинкара Ковач (1978 - ), пејач Бруно Мајер (1922–2001), писател и книжевен критичар Матјаж Маркич (1983-), пливач Драган Марушич, поранешен ректор на Универзитетот во Приморска Давор Мизерит (1981-), веслач Игор Прибац (1958-), филозоф Пјер Антонјо Кварантоти Гамбини (1910–1965), новинар и писател. Роден во Пазин (тогаш Пизино), живеел во Копер (тогаш Каподистрија) Младен Рудоња (1971-), фудбалер Томаж Шаламун (1941–2014), поет Санторјо Санторјо (1561–1636), медицински научник Назарјо Nazario Сауро (1880–1916), италијански иредентист и морнар Звест Аполонио (1935-2009), сликар

Збратимени градови Крф, Грција Ферара, Италија. Муџа, Италија. Сан Дорлиго дела Вале, Италија. Бузет, Хрватска. Самара, Русија. Жилина, Словачка. Џиуџјанг, НР Кина. Сент Џон, Канада.http://72.30.186.56/search/cache?ei=UTF-8&p=Saint+John%27s+sister+cities&type=yahoo_avg_hs2-tb-web_chrome_us&fr=yhs-avg-chrome&u=clevelandslovenian.com/&w=saint+john%27s+john+sister+cities&d=dDjhxhlMTA7T&icp=1&.intl=us

Поврзано Анкаран Словенечки брег

Наводи

Надворешни врски

Копер на Geopedia Службено мрежно место на Градска општина Копер Пристаниште Копер Koper–Capodistria. Slovenian Tourist Board. Воздушен поглед кон Копер Панорами од Копер и околината

Категорија:Пристанишни градови на Јадранско Море Категорија:Населени места во Градска општина Копер Категорија:Словенечки брег Категорија:Пристанишни градови во Словенија Категорија:Градови во Приморска