Иринеј Лионски e христијански светец, еден од големите Отци на црквата.

Иринеј е роден во Сми­р­на. Бил ученик на смирненскиот епископ свети Поликарп. Од непознати причини, Иринеј ја напуштил Смирна и отишол во Рим. Свети Иринеј бил ракоположен за презвитер од свети Поликарп и заедно со Потин проповедал во Галија (денешна Франција). Тие двајца свети мажи ставиле основи на црквите во Лион и Виена. Епископот Потин бил зат­во­рен и во затворот се упокоил. Свети Иринеј се спасил од тоа про­гон­ство, и по смртта на Потин, лионските христијани го из­бра­ле за свој епископ во 178 годинаhttp://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1730.

Иринеј напишал пет книги против ересите. Во нив јасно и крас­но­речиво го изложил христијанското учење и ги побивал лаж­ни­те учители.

Све­ти Иринеј во своите постари години кажал: „јас живо помнам сè што ми раскажуваше Поликарп за своите беседи со Јован Богослов, кој­што говорел за Исус Христос, за Неговите чудеса и учење. И, Поликарп верно ни предаваше сè она што беше чул од о­че­ви­де­цот на Словото на животот. Јас, по Божја милост, сето тоа го слу­шав со внимание и го запишав не на хартија, но во срцето си”.

Наводи

Категорија:Родени во 2 век Категорија:Починати во 3 век Категорија:Православни светци Категорија:Антигностицизам Категорија:Христијански апологети Категорија:Христијански теолози Категорија:Црковни отци Категорија:Грчки светци Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Лион Категорија:Религијата во Измир Категорија:Теолози Категорија:Епископи од 2 век Категорија:Римокатоличка мариологија Категорија:Христијански светци од 2 век Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Англикански светци Категорија:Римокатолички светци од Франција Категорија:Свештеномаченици Категорија:Патристика Категорија:Црковни учители