мини|десно|280п|Карта на одделните населени места во Општина Гази Баба. Урбаните подрачја опфаќаат градски населби кои не се прикажани на картата. Општина Гази Баба — општина во источниот дел на Град Скопје
Име Името на Општина Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби наречен „Гази Баба“ кој живеел во периодот на XVI век и, меѓу останатите места, служел како кадија во Скопје. Неговото турбе кое се наоѓало во оваа општина е оштетено од Скопскиот земјотрес од 1963 г. и останало во урнатини.
Географија Се наоѓа во северниот дел на Р Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел се наоѓа во рамница под обработлива површина (65% од вкупната територија) со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел (Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината. Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково. Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км.
Површина: 92км2, голем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба.
Историја Просторот на кој се протега општината, со своите географски и стратешки обележја, се среќава низ речиси сите епохи.
Откривањето на археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари од младото камено време (неолит), укажува на фактот дека на овие простори се живеело и се творело од самиот почеток на човештвото. Од наодите откриени во населбата се истакнуваат керамички модели на куќи оформени во вид на фигура на жена, кои во современото живеење на Општина Гази Баба стануваат дел од идентитетот и симболите на општината.
Подоцна низ вековите, територијата на која се протега денешната општина била препознатлива и како место кое изобилува со верски објекти и богати извори на вода.
Од современата историја на Општина Гази Баба за одбележување е повторното нејзино формирање на 3 ноември 1976 година, со што станува конститутивна организациона единица на градот Скопје. Од тогаш тој ден претставува патронен празник на општината.
Со осамостојувањето на Република Македонија Општина Гази Баба станува дел од главниот град на земјата и негова комуникациска и сообраќајна порта.
Стопанство Општина Гази Баба е најголемата индустриска зона на градот Скопје и Република Македонија, и на нејзина територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија. Бруто-домашниот производ по жител изнесува 11.964 USD (според попис од 2002г.). Квалитетно земјиште, поволна сообраќајна положба и вкупна комунална инфраструктура, стручна работна сила, научни, образовни, здравствени и други институции, потоа традиција во одвивање на одделни дејности, како и големината и квалитетот на економската структура, се битни потенцијали во развојната стратегија на Општина Гази Баба како дел од градот Скопје.
Демографија Според пописот од 2002 г. општината брои 72.222 жители, и со тоа е една од поголемите општини по населеност во земјата. Народ БројУдел (%) Македонци 53.497 73,7 Албанци 12.502 17,2 Турци 606 0,8 Роми 2.082 2,9 Власи 236 0,3 Срби 2.097 2,9 Бошњаци 710 1,0останати 887 1,2
Вера Вкупно православни 54.637 муслимани 15.968 католици 248 протестанти 14 останати 1.750
Јазик Говорницимакедонски 54.664албански 12.665турски 532ромски 2.060влашки 147српски 1.429бошњачки 492 останати 628
Демографската структура на општината според етничката припадност: Македонци 73,5%, Албанци 17,3%, Срби 2,9%, Роми 2,9%, Турци 0,8%, Власи 0,3%, и останати 1,3%.
Просечна возраст: На населението е 32,9 години, до 20 години 31,3 %, до 40 години 62,6%, 60 години и повеќе 10,3%.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Од 2021 година општина Гази Бабa има 128 вработени во општинската администрација и 17 вработени во општинското јавно претпријатие.
Градоначалник на општина Гази Баба е Бобан Стефковски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 27 члена. Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:
Културни и природни знаменитости Збратимени општини Газиантеп, Турција Искар, Бугарија Усќудар, Турција Велење, Словенија
Редовни настани Априлијада
Пифтијада
Музички манифестации и други
Личности
Култура и спорт ФК Скопје ФК Маџари јуниор
Ф. А Седенка
Ф. К Смиљковци
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Гази Баба Општина Гази Баба во „АБВ - деловен именик“