мини|десно|200п|Винченцо Камучини, Mort de César од 1798 Мартовски иди (латински - „Idus Martii“ или „Idus Martiae“) — името на 15 март од римскиот календар, најверојатно потенцирајќи го денот на полната месечина. Поимот „иди“ се користел за петнаесеттиот ден од месеците март, мај, јули и октомври и за тринаесеттиот ден од останатите месеци.Мерием-Вебстер речник, Иди Мартовските иди биле ден на кој се одржувал фестивал посветен на богот Марс и обично биле одржувани воени паради. Во помодерните времиња, изразот „Мартовски иди“ е најдобро познат како датум на кој е убиен Гај Јулиј Цезар во 44 г. пр.н. е. Јулиј Цезар бил избоден (23 пати) до смрт од членови на Римскиот сенат предводени од Марк Јуниј Брут, Гај Касиј Лонгиниј и 60 други созаговорници.

На патот до Помпеовиот театар (каде што е извршен атентатот) Цезар бил заедно со претскажувач кој му рекол дека голема несреќа ќе му се случи најкасно до Мартовските иди. Цезар на тоа се пошегувал, „Па Мартовските иди веќе дојдоа“, на што претскажувачот одговорил: „Да, тие дојдоа, но сè уште не заминаа“.Плутарх, Паралелни животи, Цезар 63 Овој состанок е популарно драматизиран во Шекспировата драма „Јулиј Цезар“ кога Цезар бил предупреден од претскажувач на иднината да „се пази од Мартовските иди“.

Наводи

Надворешни врски Плутарх, „Паралелните животи“, животот на Јулиј Цезар Николај од Дамаск, „Животот на Август“ (преведено од Клеитон М. Хол)

Категорија:Јулиј Цезар Категорија:Изрази на Шекспир Категорија:Римски календар Категорија:Празници во март