Хабсбуршки Ниски Земји (, ) — геополитичка целина што ги зафаќала сите Ниски Земји во периодот од 1482 до 1556/1581 г.Од Холандската буна (1556) до конечното отцепување на Холандската Република (1581), власта на Хабсбурговците во Северните Ниски Земји било незначајно. и само во Јужните Ниски Земји од 1581 до 1794. По 1581 оваа држава се нарекувала и Шпанските Ниски Земји или Австриски Ниски Земји.
Властродршци на хабсбуршка Ниски Земји биле војводата на Бургундија (1506–1555), кралот на Шпанија (1555–1706) и надвојводата на Австрија (1716–1794) - сите припадници на династијата Хабсбурговци. Во нивно име со државата раководел управник (landvoogd).
Во периодот од јануари до декември 1790 се кренал бунт против Хабсбурговците, со цел земјата да се приклучи кон Соединетите Белгиски Држави. Бунтот бил набргу задушен и власта вратена на Хабсбурговците. Државата конечно престанала да постои во 1794 г. кога била припоена кон Првата Француска Република.
Поврзано Хабсбуршка династија Историја на Холандија Историја на Белгија Бургундски Ниски Земји
Наводи
Категорија:Историја на Холандија Категорија:Грофовија Фландрија Категорија:Историја на Белгија Категорија:Историја на Шпанија Ниски Земји Категорија:Ниски Земји Категорија:Историја на Ниските Земји