Каталог на најважните галаксии (, PGC) — астрономски каталог објавен во 1989 г. кој ги наведува екваторските координати (B1950 и J2000) и назнаките на 73.197 галаксии. 40.932 координати (56%) имаат стандардно отстапување помало од 10″. Во каталогот се содржат 131.601 називи од 38 најзастапени извори. Наведени се и сите достапни средновредносни податоци за објектите:

49.102 морфолошки описи, 52.954 привидни големи и мали полуоски, 67.116 привидни величини, 20.046 радијални брзини и 24.361 положбени агли.

Поврзано Астрономски каталог :Категорија:PGC објекти

Надворешни врски За Каталогот на најважните галаксии (PGC) - архив на астрономски каталози на ESO

Наводи

Категорија:Каталози на галаксии Категорија:Галаксии