Ограѓе — археолошко наоѓалиште во кичевското село Челопеци. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на излезот од селото, каде во 1974 година, при расчистувањето на патот за селото Светораче, во приватна нива биле откриени и уништени неколку гробови градени од камени плочи. Во гробовите биле најдени керамички садови кои не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Грамада — вила рустика од доцноантичко време; Св. Илија — старохристијанска базилика и некропола; Челопеци; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Челопеци