Roxette или Роксет биле шведска музичка група, или дуо, составено од Мари Фредриксон и Пер Гесле. Групата уживала светски успех од доцните 1980-ти и средината на 1990-те години, при што се стекнале со 19 појавувања на британската топ листа и пет пати биле број 1 на американската листа со песните „The Look“, „Listen to Your Heart“, „It Must Have Been Love“ и „Joyride“. Понатака, уште две песни „Dangerous“ и „Fading Like a Flower“ биле на второ место на листата.

Својата најголема слава ја стекнале во периодот од доцните 1980-ти и раните 1990-ти, но нивната слава продолжила со слично темпо и после овој период, особено во Европа и Јужна Америка, каде освоиле различни златни и платинести награди. Дуото престанало да снима и настапува во 2002 кога на Фредриксон ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. Сепак, дуото продолжило со настапи после осум години.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Шведски музички групи Категорија:Музички групи основани во 1986 година