Гај Јулиј ЦезарПолно име: Caius Iulius Caii filius Caii nepos Caesar Imperator („Гај Јулиј Цезар, син Гаев, внук Гаев, Император“). Откога го прогласиле за божество (42 п.н.е.), официјалното име му гласело Divus Iulius („Божествениот Јулиј“). (латински: C•IVLIVS•C•F•C•N•CAESAR; 12 или 13 јули 100 п.н.е. — 15 март 44 п.н.е.) — римски воен и политички водач чие освојување на Галија Комата го проширила римскиот свет сè до Атлантскиот Океан, успех чии последици се видливи и денес. Според многумина, Цезар е еден од најголемите луѓе во Стариот Свет. Тој е можеби најпознатата историска личност како резултат на комбинација на човековите таленти: од командување во битка, државништво, говорништво, пишување, право, владеење, сексуалност, пријателство и разговор — тој бил одличен во сите. Имал огромна волја, храброст и целосно отсуство на омраза од кој било вид. Тој бил обожуван од страна на луѓето во Рим и прогласен за бог.

Достигнувањата на Цезар не се само воените походи и освојувањата. Тој всушност бил голем реформатор и основач на Римското Царство, иако за прв император се смета неговиот внук од сестра, посинок и наследник Гај Октавијан. Подоцнежните императори во Рим биле ословувани со титулата „цезар“ (од која е изведен зборот „цар“ во многу европски јазици).

Што се однесува до воените походи на Цезар, тој кога дошол на власт во рамките на Првиот триумвират, Рим била само средоземна држава, но тој освоил и ги присоединил Франција, Белгија, делови од Шпанија, со други зборови ја направил европска држава и бил основоположник на западна Европа каква што денес ние ја знаеме. Потоа, под власта на Цезар потпаднале делови од Германија, а се обидел да ја освои и Британија.

По враќањето од западна Европа ја започнал граѓанската војна против неговиот партнер во власта, Помпеј. Клучен елемент во оваа борба било што Цезар остварил контрола врз Египет, главниот снабдител на Рим со жито, преку марионетскиот режим на кралицата Клеопатра, последниот претставник на македонската Птоломејска династија.

Цезар е значаен и по реформите кои ги спровел во 44 година п.н.е. Тоа биле: преобликување на календарот, организирање локална управа, основање колонии, зголемување на Сенатот, спречување на инцидентите на исток и сл. Меѓутоа во екот на овие реформи тој бил убиен во заговор на многумина сенатори кои му должеле многу, меѓу кои и неговиот посинок Брут. Нивното мислење било дека Цезар, колку и да е добар за државата, не би бил прифатлив како владетел. Монархијата која била цел на Цезар, била неприфатлива за конзервативните римски сенатори, кои претпочитале опстојување на републиканскиот систем на владеење, заснован на заедничка доминација на повеќе аристократски семејства, наместо на само едно од нив.

Гај Јулиј Цезар се смета за исклучително важна историска личност, без која не ќе го знаевме светот каков што е денес.

Гај Јулиј Цезар е една од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римско Царство. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литература.

Група републикански заговорници го убиле во Рим, на 15 март 44 г. пред н.е.

Ран живот и кариера

Цезар е роден во патрициско семејство, родот на Јулии, и тврдел дека потекнува од Аскании како син на легендарниот тројански принц Енеја кој наводно бил син на божицата Венера. Поврзано: Светониј, „Животот на дванаесетте Цезари“: Јулиј 6; Велиј Патеркулиј, Римка историја 2.41; Виргил, Енид Когноменот „Цезар“ потекнува, според Плиниј Постариот, од предокот кој е роден со царски рез (од латинскиот глагол „да се сече“, caedere).Плиниј Постариот, „Природознание“ 7.7. Заблудата дека и самиот Цезар е роден со царски рез датира најмалку пред 10 век (Суда kappa 1199). Цезар не бил првиот кој го носел тоа име и во негово време оваа процедура се изведувала само врз мртви жени, додека пак мајката на Цезар Аурелија живеела долго по раѓањето на Цезар. Августовата историја предлага три алтернативни објаснувања: тоа дека првиот Цезар имал дебели влакна на косата (латински - caesaries); дека имал светли сиви очи (латински - oculis caesiis); или дека убил слон во борба (латински - caesai).Historia Augusta: „Елиј“ 2. Цезар издавал монети на кои имало слика на слон со што сугерирал на оваа интерпретација на неговото име. И покрај нивното античко педигре ова семејство не била посебно политички влијателна. Таткото на Цезар, исто така именуван Гај Јулиј Цезар, бил проконзул во провинцијата Азија,Светониј, „Јулиј“ 1; Плутарх, „Цезар“ 1, Мариј 6; Плиниј Постариот, „Природознание“ 7.54; Inscriptiones Italiae, 13 март 51–52 додека пак неговата мајка, Аврелија Кота, била дете на влијателно семејство. Многу малку е запишано од Цезаровото детство.Плутарх, „Цезар“ 1; Светониј, „Јулиј“ 1 Раните години од животот на Цезар се одвивале во време на криза. Имало неколку војни од 91 г. п.н.е до 82 п.н.е, исто така, од 82 п.н.е до 80 п.н.е диктаторот Луциј Корнелиј Сула го прочистувал Рим од неговите политички непријатели бидејќи во земјата, домашната политика била жестоко раздвоена. Во 85 п.н.е таткото на Цезар ненадејно умрел,Светониј, „Јулиј“ 1; Плиниј Постариот, „Природознание“ 7.54 па на шеснаесет години Цезар станал глава на семејството. Следната година тој бил номиниран за да биде новиот висок свештеник на Јупитер.Велиј Патерцилиј, „Римска историја“ 2.22; Флориј, Римската историја 2.9 Како свештеник на таа позиција не само што морал да биде патрицијанин туку и морал да се ожени за партицијанка, па поради тоа тој ја оставил својата свршеница, плебијанка, со која бил свршен уште од детството, и се оженил со Корнелија, ќерка на Луција Корнелија Цина.Светониј, „Јулиј“ 1; Плутарх, „Цезар“ 1; Велиј Патерцилиј, Римска историја 2.41 Откако го поразил Митридат, Сула се вратил во Рим и самиот се назначил за диктатор.Апијан, Граѓански војни 1.76–102; Плутарх, „Сула“ 24–33; Велиј Патерцилиј, Римска историја 2.23–28; Етропиј, Преглед на Римската историја 5 Проскрипцијата на Сула уништила стотина негови политички непријатели. Цезар, како внук на Марија и законски син на Цина, бил цел на напади од страна на Сула. Тој бил лишен од неговото наследство, од неговото свештенство и бил принудуван да се разведе од својата сопруга, но поради причината што Цезар го одбил тоа барање морал да побегне и да се крие. Заканата против него произлегла при интервенција на семејството на неговата мајка во кое биле вклучени голем број приврзаници на Сула.

Цезар го напуштил Рим и се придружил кон војската каде што ја добил граѓанската круна поради неговиот удел во битна борба. На мисија во Витинија за обезбедување помош на флотата на кралот Никомедиј, Цезар потрошил многу време во дворот на кралот поради што почнале да се шират гласини за нивна врска кои Цезар до крајот на својот живот силно ги негирал.Светониј, „Јулиј“ 2–3; Плутарх, „Цезар“ 2–3; Касиј Дион, Римска историја 43.20 Иронично, но губењето на титулата на висок свештеник му донела шанса да оформи воена кариера иако на високите свештеници не им било дозволено да допираат коњ, да спијат три ноќи надвор од нивниот кревет или една ноќ надвор од Рим или пак да се приклучат во армијата.Вилјам Смит, Речник од Грчки и Римски антиквитети: Флемен Откако дознал за смртта на Сула во 78 г. п.н.е, Цезар се чувствувал доволно сигурно за да се врати во Рим. Немајќи средства по запленувањето на неговото наследство се стекнал со скромна куќа од пониска класа во предградието на Рим.Светониј, „Јулиј“ 46 По неговот враќање своето внимание го посветил на правното застапување. Станал познат по неговото исклучително ораторство придружено со страсни гестови и пискав глас во безмилосното гонење на поранешни гувернери за изнудување и корупција во териториите кои ги управувале.

На пат преку Егејското Море,Повторно, според летописот на Светониј („Јулиј“ 4). Плутарх („Цезар“ 1.8–2) вели дека ова се случило порано при неговото враќање од кај Никомедиј. Велиј Патерцилиј (Римска историја 2:41.3–42) вели дека ова се случило кога Цезар бил млад. Цезар бил киднапиран од страна на пирати и бил задржан како нивни затвореник.Plutarch, Caesar 1–2 Во времето кога бил затворен го изјаснувал неговиот супериорен став. Кога пиратите сакале да побараат дваесет таланти сребро за неговиот откуп тој инсистирал за тие да побараат педесет.Фримен, 39 Откако пиратите биле исплатени за Цезаровиот откуп тој пуштил потерница по нив, ги фатил и ги затворил. За кратко време по затворањето Цезар го исполнил ветувањето кое им го дал како заробеник (дека ќе ги распне) и ги распнал пиратите.Фримен, 40 Како знак за попусливост, пред да ги распне им ги пресекол грлата. Набрзо бил повторно повикан за воена акција во Азија.

По враќањето во Рим бил избран за воен трибун што претставувало првиот негов чекор во политичката кариера. Во 69 г. п.н.е бил избран за квесторФримен, 51 и во текот на истата година го одржал говорот на погребот на неговата тетка Јулија. Неговата жена Корнелија, исто така, умрела во 69 г. п.н.е.Фримен, 52 По погребот, во пролет или во почетокот на летото во истата година, Цезар заминал да служи како квестор во Шпанија.Голдсворти, 100 Додека престојувал таму се вели дека сретнал статуа на Александар Македонски и сфатил дека се наоѓа на возраст кога Александар го држел светот под негова власт, а тој постигнал релативно малку. По враќањето во 67 г. п.н.еГолдсворти, 101 се оженил за Помпеја, внука на Сула, од која подоцна се развел.Светониј, „Јулиј“ 5–8; Плутарх, „Цезар“ 5; Велиј Патерцилиј, Римска историја 2.43 Во 63 п.н.е се кандидирал на изборот за понтифекс максимус, главен свештеник на римската државна религија. Во трката учествувале уште двајца моќни сенатори. Имало голем број на обвинувања за примање мито од обете страни. Без поголеми напори, Цезар со големо водство ги победил останатите кандидати и покрај нивното големо искуство и слава во Рим.Велиј Патерцилиј, Римска историја 2.43; Плутарх, „Цезар“ 7; Светониј, „Јулиј“ 13 Кога Цицерон, кој бил конзул таа година, го обвинил Катилина за заговор за преземање на котролата на републиката, од страна на неколку сенатори Цезар бил обвинуван за учество во истиот заговор.Салустиј, Војната на Каталина 49

По неговото праеторство, Цезар се назначил за гувернер на Шпанија, но тој сè уште бил во големи долгови поради што му требале многу пари за да се оддолжи пред да ја напушти оваа област. Цезар се обратил кај Марко Луциниј Крас, еден од најбогатите луѓе во Рим. Во замена за политичка поддршка во борбата за власт со Помпеј, Крас исплатил голем дел од долговите на Цезар и гарантирал дека и останатите ќе бидат исплатени. И покрај тоа, за да го избегне постанувањето на обичен граѓанин кој потоа ќе биде гонет за неговите долгови, Цезар ја напуштил провинција пред да заврши неговото праеторство таму. Во Хиспанија победил две локални племиња, го променил законот за долгови и неговите трупи го сметале за император.Плутарх, „Цезар“ 11–12; Светониј, „Јулиј“ 18.1 Почитта како имепратор му донела на Цезар триумф. Цезар, исто така, сакал да се кандидира и за конзул, највисокиот магистрат во републиката. Доколку сакал да прослави триумф тогаш би морал да остане војник и да не влегува во Рим сè до церемонијата, но доколку сакал да се кандидира на изборите за конзул тогаш би морал да ја препушти својата команда и да дојде во Рим како обичен граѓанин. Во даденото време со кое располагал, не можел да ги направи двете работи. Тој побарал од сенатот дозвола за да остане во отсуство, но Като го блокирал неговото барање. Соочен со изборот помеѓу триумф и конзулство, Цезар го избрал конзулството.Плутарх, „Јулиј“ 13; Светониј, „Јулиј“ 18.2

Конзулство и воени походи

Во 60 г. п.н.е Цезар се кандидирал за изборите за конзул во 59 г. п.н.е. Уште двајца моќни кандидати се бореле за истата функица, па изборите биле многу нечесни. Дури и Като, со неговата репутација за некоруптивност, се вели дека бил поткупен од страна на еден од противниците на Цезар. Цезар победил заедно со конзервативецот Марко Калпурниј Бибул.Плутарх, „Цезар“ 13–14; Светониј 19