Абдул Рахман (персиски عبدالرحمن) — Авганистанец, роден во 1965 година. Во февруари 2006 година бил уапсен и му се заканувале со смртна казна затоа што преминал во христијанската вера. На 26 март 2006 година, под силен притисок од страна на странските влади, судот го вратил случајот кај обвинителите повикувајќи се на „дупки во истрагата“.. Ноќта на 27 март тој се вратил кај своето семејство откако бил ослободен од затвор. . На 29 март, Абдул Рахман пристигнал во Италија откако италијанската влада му понудила азил.

Апсењето и судењето на Абдул Рахман го свртело меѓународното внимание врз очигледната контрадикција во Уставот на Авганистан, којшто ја признава како ограничената форма на слобода на вероисповед така и ханефискиот мезхеб за исламската јуриспруденција којшто ја дозволува смртната казна во случај на вероотстапништво од исламот. Случајот предизвикал општоприфатено меѓународно осудување, особено од Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави кои биле двете земји кои во 2001 година ја предводеле кампањата за отстранување на фундаменталистичкиот талибански режим и земји кои се најголеми дарители во Авганистан.

Рани години

Абдул Рахман е роден во 1965 година во , Авганистан од татко Абдул Манан и мајка Гул Бегум коишто се етнички Таџикистанци од Панџшир. Оженет и татко на две ќерки, Маријам и Марија.

Во 1990 година, додека бил член на персоналот на една католичка невладина група за помош којашто обезбедувала медицинска помош за бегалците од Авганистан во Пешавар, Пакистан, Рахман дошол во допир со христијанството и подоцна бил покрстен во Римокатоличката црква . По промената на верата тој го зел библиското име ЈоилQuotidiano Net.

Во 1993 година тој се преселил во Германија и подоцна во 2002 година пред да биде депортиран во Авганистан, по падот на талибанската Влада, Абдул барал азил во Белгија, но безуспешно.

Жената на Абдул Рахман се развела од него затоа што тој преминал во католицизмот. Во претстојната битка за старателство врз двете ќерки на брачната двојка коишто ги одгледале родителите на Абдул Рахман додека тој бил отсутенRachel Morarjee, Abdul Rahman's Family Values . Time Magazine March 29, 2006 , семејството на мајката го отворила прашањето за неговата религија како причина да му се ускрати правото на старателство.

Кога тој се вратил во Авганистан неговите родители се одрекле од него, велејќи: „Тој премина од исламска во друга религија и затоа не го сакаме повеќе во нашиот дом. Абдул Рахман сакаше да ја промени етиката на моите деца и семејство. Тој оди во погрешен правец. Го избркав од мојот дом“. Од друга страна, неговите ќерки кажале: „Тој се однесува лошо со нас и ние се чувствуваме загрозено и посрамотено од него. Тој нема работа и никогаш ми нема дадено едно парталче облека или пак парче леб. Единствено нешто што ми го дал е неговото име како татко. Ми велеше дека ми е татко, но не се однесуваше така откако се врати во Авганистан. Тој ни се заканува и сите се плашиме од него. Тој не верува во исламската религија“.

Апсење и судење

Во февруари 2006 година, членови од неговото семејство го пријавиле во полицијаAbdul Waheed Wafa . Абдул бил уапсен откако полицијата открила дека поседува БиблијаCooney, Daniel Afghan Convert May Be Unfit for Trial Associated Press, March 22, 2006, accessed March 22, 2006. По апсењето, тој во Кабул, не можел да најде адвокат кој ќе сака да го застапува. Властите ги спречиле обидите на новинската агенција „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) да го видат Абдул Рахман.

Правните експерти велат дека случајот на Абдул Рахман постои поради контрадикторните закони во авганистанскиот Устав според кои и слободата на вероисповед и ханефиската школа за шеријатскиот закон се признаени. Според членот 130 од Уставот на Авганистан обвинителите можат да го обвинат за вероотстапништво „во согласност со ханефиската јуриспруденција“. Текстот на членот гласи:

Обвинителите побарале смртна казна за Абдул Рахман нарекувајќи го „микроб“. Обвинителот Абдул Васи барал негово покајание и го нарекол предавник: „Тој треба да биде отсечен и отфрлен од муслиманското општество и треба да биде убиен“. Авганистанскиот Врховен обвинител бил цитиран како вели дека Абдул Рахман треба да биде обесенWho will save Abdul Rahman? , by Michelle Malkin, townhall.com, Mar 22, 2006, retrieved March 28, 2006.

Судската постапка против Абдул Рахман која започнала на 16 март, а веќе на 19 март станала широко позната во меѓународниот печат билс надгледувана од тројца судии во трибуналот за јавна безбедност во Основниот суд во Кабул. Ансарула Мавлавизада, судијата претседавач во случајот рекла дека од Абдул Рахман ќе биде побарано да ја преиспита неговата промена на вера: „Ние ќе го поканиме повторно да се врати на исламот бидејќи исламската религија е толерантна. Ќе го прашаме дали го променил своето мислење. Ако го променил тогаш ќе му простиме“.

Исто така, Ансарула Мавлавизада изјавил: „Пророкот Мухамед неколкупати рекол дека оние кои преминале од исламот во друга вера треба да бидат убиени ако одбијат да се покајат, исламот е религија на мирот, толеранцијата, милоста и интегритетот. Токму затоа му рековме дека ако се покае за она што го сторил ќе му простиме. Ако не се покае, сите вие ќе бидете сведоци на казната што ќе го очекува“. Иако соочен со можна смртна казна, Абдул Рахман се држел цврсто до своите верувања: „Тие сакаат да ме осудат на смрт и јас го прифаќам тоа... Јас сум христијанин што значи дека верувам во Светата Троица... Јас верувам во Исус Христос“"Afghan Man Faces Execution After Converting to Christianity" , by Benjamin Sand, VOA News, March 18, 2006, retrieved March 28, 2006.

Обидите на авганистанските христијани

За време на судењето на Абдул Рахман, одреден број авганистански христијани работеле на тоа да го свртат вниманието на меѓународните медиуми кон страдањето на авганистанските христијани, а особено кон страдањето на Абдул Рахман.

Дали е ментално здрав за да му се суди?

На 22 март авганистанскта амбасада во Вашингтон соопштила дека судскиот систем на земјата го оценува менталното здравје на Абдул Рахман. Моајудин Балуч, религиозниот советник на претседателот Хамид Карзаи, потврдил дека Абдул Рахман ќе биде подложен на психолошки преглед. Судијата Мавлавизада изјавила дека психичката состојба на Рахман се испитува затоа што тој одбил да се покае. Ако се докаже дека тој е ментално неспособен тогаш случајот ќе се отфрли. Некои луѓе го гледале преминувањето на Абдул Рахман во христијанството како доказ за тоа дека тој е ментално неспособен бидејќи го направил тоа знаејќи дека е казниво со смрт.

На 22 март 2006 година, авганистанскиот државен обвинител Саринвал Замари во интервју за „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) изјавил: „Мислиме дека е тој, можеби, луд. Тој не е нормална личност. Тој не зборува како нормална личност. Докторите мора да го прегледаат. Ако е навистина ментално неспособен тогаш исламот навистина нема право да го казни. Нему мора да му се прости. Случајот мора да се отфрли. Други извори велат дека Рахман „постојано е невработен и е ментално неурамнотежен.“

Обвинителот Абдул Васеи изјавил дека се сомнева во тврдењата дека Абдул Рахман е ментално нестабилен, изјавувајќи: „Јас не видов никаков психички проблем во овој случај“. Васеи изјавил дека кога ќе го прашале Рахман за неговото ментално здравје тој инсистирал дека е во ред: „Во ред сум, можете да ме тужите, можам да ви одговорам на прашањата“, биле зборовите на Рахман што му ги кажал на Васеи. Дипломатите изјавиле дека авганистанската Влада „очајно бара начин како да го отфрли случајот“, а тоа ќе го направи така што ќе го прогласи Абдул Рахман за ментално неспособен за да му се суди.

Судот исто така ги отворил прашањата и за неговата национална припадност. Рахман живеел во странство во: Германија, Грција и Белгија. Се расправало дека ако тој се стекнал со двојно државјанство, тогаш статусот на неговиот случај би можел да се промени.

Постоеле разни мислења за тоа дали Абдул Рахман треба да биде прогласен за неспособен за судење. Критичарите велеле дека ако го прогласат за луд тоа нема да го реши она што тие го сметаат за мана во Уставот којшто дозволува судско гонење според исламскиот закон. Во една воведна статија во „Вашингтон Тајмс“ пишувало дека прогласувањето на Абдул Рахман за ментално неспособен е „измислена дупка во законот“ која би ù овозможила на авганистанската Влада „да се повлече за да избегне катастрофална внатрешна и дипломатска криза. Ова решение, такво какво што е, нема да ги реши скриените контрадикторности во авганистанскиот Устав“ Овие мислења се повторувале и во една воведна статија во „Њујорк Тајмс“, во којашто се велело дека прогласувањето на Абдул Рахман за ментално неспособен е начин за да може авганистанската Влада „да ја избегне збрката“ и „дека тоа е евтин трик затоа што законот ќе остане на сила.“

Во Франција, во списанието „Мариан“ било напишано дека критичарите од Западот може да не бидат задоволни од случајот, доколку судот во Кабул ја избегне смртната казна така што ќе го прогласи за луд и неспособен да му се суди: „Ако нему не му се суди тогаш тој најверојатно ќе заврши во психијатриска болница, нешто што за еден човек со здрав ум понекогаш е полошо отколку самата смрт“.

Ослободување

На 24 март 2006 година, авганистанските власти соопштиле дека размислуваат наскоро да го ослободат Абдул Рахман. Веќе наредниот ден била одржана специјална владина седница на којашто претседателот Хамид Карзаи разговарал со неколку министри од Кабинетот за тоа како да го ослободат, а без притоа да ги разбеснат моќните конзервативни муслимански духовници во земјата коишто барале погубување на Абдул Рахман. По седницата, еден анонимен висок владин службеник, изјавил дека постои „голема веројатност“ Абдул Рахман да биде ослободен на 26 во неделаAfghan convert likely to be freed after Karzai intervention , by Sardar Ahmad, mq7.net, 26 March 2006, retrieved 28 March 2006. Меѓутоа, обвинителот ги отфрлил сите тврдења дека Абдул Рахман треба да биде ослободен. Подоцна, во неделата судијата ја дал следната изјава: „Поради некои технички како и правни недостатоци и мани случајот е вратен кај обвинителот"Afghan judge says Christian convert case has flaws", by Sayed Salahuddin, REUTERS Canada, 26 March 2006, retrieved 28 March 2006“.

Духовниците го довеле во прашање овластувањето на претседателот Карзаи да нареди ослободување на Абдул Рахман. Оџата Кхоја Ахмад Седики кој бил член на Врховниот суд во Авганистан предупредил за мешање во судовите велејќи: „Коранот е многу јасен како што и зборовите на нашиот пророк се многу јасни. Можно е само едно решение, а тоа е смрт. Ако Карзаи го ослободи, тоа ќе биде во полза на нашиот непријател и тогаш е можно да има востание“"Karzai Searches for Solution on Christian", by Amir Shah, The Norman Transcript, retrieved 28 March 2006.

На 28 март 2006 година, „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) соопштил дека Абдул Рахман е ослободенChristian Convert Released From Prison, Amir Shah, AP, 28 March 2006. Ова соопштение дошло откако Обединетите нации изјавиле дека тој аплицирал за азил надвор од Авганистан. На 29 март 2006 година, премиерот на Италија, Силвио Берлускони соопштил дека неговиот Кабинет ја одобрил молбата за азил на Рахман и дека тој веќе пристигнал во ИталијаAfghan convert 'arrives in Italy' , BBC, 29 March 2006, 17:07 GMT.

Реакции во Авганистан

Владини службеници

Агенцијата „Франс Прес“ цитирала еден неидентификуван авганистански службеник кој рекол дека претседателот Хамид Карзаи лично се вмешал во случајот на Абдул Рахман за да го обезбеди ослободувањето на овој покрстеник: „Претседателот лично работи на тоа, случајот да се реши по мирен пат. И постои начин како да се направи тоа. ‒ рече службеникот. ‒ Верувам дека тоа ќе се случи по ден или два“ .