ISO 80000 или IEC 80000 е меѓународен стандард за изразување на физичките величини, мерните единици и формулите кајшто се користат, во научни и образовни документи ширум светот. За стандардот се задолжени Меѓународната организација за стандардизација и Меѓународната електротехничка комисија. Највеќето земји доследно ги следат овие стандарди во учебниците по математика и природни науки.
Семејството на стандарди ISO/IEC 80000 е заокружено и завршено со објавувањето на Дел 1 во ноември 2009. Во воведот стои дека „Системот на величини, вклучувајќи го нивниот сооднос, величините на кои се засноваат единиците од SI, се нарекува Меѓународен систем на величини [International System of Quantities] и се означува со „ISQ“ на сите јазици.“Брошура од SI
Делови
Стандардот е составен од 14 делови:
ДелНазивИзворISO 80000-1ОпштоISO 31-0, IEC 60027-1 и IEC 60027-3ISO 80000-2Математички знаци и симболи во природните и техничките наукиISO 31-11, IEC 60027-1ISO 80000-3Простор и времеISO 31-1 и ISO 31-2ISO 80000-4МеханикаISO 31-3ISO 80000-5ТермодинамикаISO 31-4IEC 80000-6ЕлектромагнетизамISO 31-5, IEC 60027-1ISO 80000-7СветлинаISO 31-6ISO 80000-8АкустикаISO 31-7ISO 80000-9Физичка хемија и молекуларна физикаISO 31-8Атомска и јадрена физикаISO 31-9 and ISO 31-10ISO 80000-11Карактеристични броевиISO 31-12ISO 80000-12Физика на тврдото телоISO 31-13Информатика и сметачка технологијапотточки 3.8 и 3.9 од IEC 60027-2:2005 и IEC 60027-3IEC 80000-14Телебиометрика за човечката физиологијаIEC 60027-7
Наводи
Поврзано Меѓународна организација за стандардизација Меѓународна електротехничка комисија
Надворешни врски ISO TC12 стандарди — Величини, единици, симболи, фактори на претворање Посебно издание на NIST 330 — Меѓународен систем на мерни единици Посебно издание на 811 на NIST — Водич за употреба на Меѓународниот систем на мерни единици
#80000 Категорија:IEC стандарди
Категорија:Мерење