Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун — филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 11 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм.
Историска позадина
По победата на Младотурската револуција (1908 година), на местото на Абдул Хамид II, во 1909 година за нов султан бил поставен Мехмед V Решад, кој владеел до 1918 година и бил претпоследен турски султан. Во 1911 година Мехмед V Решад тргнал во посета на најоддалечените европски краеви на своето царство и при оваа своја обиколка ги посетил Солун и Битола. Браќата Манаки успеале да издејствуваат специјална дозвола за да го придружуваат и снимаат султанот за време на неговиот престој, реализирајќи две импозантни филмски целини за неговите посети на Солун и на Битола.
Кратка содржина
мини|лево|Солунското пристаниште
Иако само единаесетминутен, овој краток филм прикажува барем три драматуршки цврсто поврзани секвенци: пристигнувањето на султанот во солунското пристаниште; неговиот пат низ солунските улици, преку низа манифестации, паради и смотри; заминувањето на султанот со воз од Солун и неговиот пат до Битола. За овие последни секвенци е интересно што тие се снимени од возот во движење така што се забележани попатни предели и железнички станици низ кои минувал султанот и неговата експедиција.
Поврзано Браќа Манаки Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола
Наводи
Надворешни врски
Извадок од филмот на YouTube.
Категорија:Филмови на браќата Манаки